Криви Камен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Криви Камен
Криви Камен is located in Македонија
Криви Камен
Местоположба на Криви Камен во Македонија
Координати 42°10′48″N 22°8′24″E / 42.18000° СГШ; 22.14000° ИГД / 42.18000; 22.14000Координати: 42°10′48″N 22°8′24″E / 42.18000° СГШ; 22.14000° ИГД / 42.18000; 22.14000
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Rankovce Municipality.svg Ранковце
Население 23[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031


Криви Камен — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северниот дел на Општина Ранковце и од општинското средиште Ранковце е оддалечено девет километри. До селото колски пат, кој не е во добра состојба, а селото е слабо поврзано и со околните места.

Најголем дел од атарот на селото се наоѓа под шума.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото добило електрична енергија дури во 1998 година и е последно село што било електрифицирано во рамките на општината.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Врз основа на самиот атар на селото, населението главно се занимава со шумарство и полјоделство.

Во селото нема стопански или услужни објекти.

Население[уреди | уреди извор]

Поради лошите услови во селото, бројот на население цело време забележувал пад, па така во 1961 година броело 237 жители, а според последниот одржан попис во 2002 година имало само 23 жители.[1]

Сите жители се Македонци и се изјасниле како православни христијани.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[2] 1905[3] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 160 184 220 247 237 193 109 61 47 23
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Петралица, во која покрај Криви Камен се наоѓале и селата Бараклија, Гиновци, Милутинце и Петралица. Самата Општина Петралица била дел од Кривопаланечката околија. Општината Петралица постоела и во периодот 1950-1952 година.

Наводи[уреди | уреди извор]