Отошница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Отошница
ЕкспедицијаРанковце48.jpg

Поглед на селото Отошница кај главната селска црква

Отошница is located in Македонија
Отошница
Местоположба на Отошница во Македонија
Координати 42°11′44″N 22°4′49″E / 42.19556° СГШ; 22.08028° ИГД / 42.19556; 22.08028Координати: 42°11′44″N 22°4′49″E / 42.19556° СГШ; 22.08028° ИГД / 42.19556; 22.08028
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Rankovce Municipality.svg Ранковце
Население 105[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031
Надм. вис. 533 м
Слава Свети Јован
Отошница на општинската карта
Отошница во Општина Ранковце.svg

Атарот на Отошница во рамките на општината
Commons-logo.svg Отошница на Ризницата


Отошница — село во Општина Ранковце, североисточна Македонија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на маалото крај главната селска црква

Селото се наоѓа во долината на Отошничка Река, која е десна притока на Крива Река. Двете долински страни — Осојна и Присојна кои се делумно обработени од населението се спуштаат благо кон реката.

Отошница се наоѓа во крајниот западен дел на Општина Ранковце, чиј атар допира до соседната Општина Старо Нагоричане. Населбата се протега до подножјето на планината Герман и има ридско-планински карактер. Селото е од разбиен маалски тип. Атарот на селото зафаќа простор од 14,8 км2.

Од општинското средиште Ранковце е оддалечено 5 километри. До селото има асфалтен пат, кој е во добра состојба. Селото не е поврзано со директен автобуски превоз.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото потекнува од доцното античко време на што укажуваат пронајдените археолошки локалитети. Пишан доказ за Отошница има од средниот век, кога извесен Властелин Влатко го приложил селото, а на 25 март 1355 година тоа го потврдил и цар Душан на Хиландар.

На крајот на 19 век Отошница спаѓало во Кривопаланечката каза на Османлиската Империја.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главно населението се занимава со сточарство и полјоделство. Сточарството е насочено кон одгледување на говеда и овци. Во селото нема никакви стопански објекти.

Население[уреди | уреди извор]

Во селото според податоците од последниот попис (2002 г.) живеат 105 жители[1] со следниот етнички состав:

Сите жители припаѓаат на православната религија.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[2] 1905[3] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 650 640 878 966 997 680 377 186 154 105
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]

Бројот на семејства во Отошница се движел во 1921. г. — 84, 1948. г. — 113, 1961. г. — 128 и 1971. г. — 118 семејства.


Родови[уреди | уреди извор]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Палигорци (5 к.), Мишаци (2 к.), Пејчиновци (2 к.), Станковци (1 к.), Симонци (3 к.), Кмеци (8 к.), Кара Николци (4 к.), Трајановци (3 к.), Крстевци (3 к.), Гаванци (2 к.), Ишмарци (2 к.), Додинци и Ристинци (6 к.), Прцаци (1 к.), Стојкарци (3 к.), Мандарци (2 к.), Чуљковци (3 к.), Пајковци (1 к.), Пчеларци (3 к.), Бојници (3 к.), Дедо Петковци (1 к.), Димковци (3 к.), Диминци (4 к.), Маљаци (3 к.), Аначковци (3 к.), Вукашинци (5 к.), Чупаци (3 к.) и Јужарци (2 к.)
  • Со непознато потекло: Кортопелци или Џукелци (7 к.)
  • Доселеници: Стајковци или Давидовци (16 к.) доселени се од некое село Стајаково кај Куманово (?) (можеби од селото Стакевци кај Прешево ?); Качарци (3 к.) доселени се околу 1855 година од селото Думановце кај Куманово; Богојци (1 к.) доселени се околу 1880 година од селото Опила; Баба Јанинци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Гулинци; Марковци (1 к.) доселени се во 1912 година од селото Ранковце.[5]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Подрачно основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година се наоѓала во некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Отошница се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнце, Гулинци, Љубинци, Одрено, Опила, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓа во рамките на истоимената општина.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Селската црква „Св. Јован Крстител“
Поглед на Отошничко Езеро, сместено над селото
Цркви[6]
Археолошки локалитети[7]
  • Аниште — населба од доцноантичко време;
  • Градиште — градиште од доцноантичко време;
  • Грамади — населба од доцноантичко време;
  • Лиске — населба од доцноантичко време;
  • Могила — некропола од римско време;
Реки
Езера
  • Отошничко Езеро — вештачка акумулација на Отошничка Река со цел наводнување на земјоделското земјиште, но во летниот период се користи како излетничко-рекреативно место од околните жители.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  3. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  4. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  5. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка. 
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  8. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 20.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]