П’клиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
П’клиште
ЕкспедицијаРанковце09.jpg

Поглед на малкуте стари куќи во селото П’клиште

П’клиште is located in Македонија
П’клиште
Местоположба на П’клиште во Македонија
Координати 42°15′21″N 22°2′53″E / 42.25583° СГШ; 22.04806° ИГД / 42.25583; 22.04806Координати: 42°15′21″N 22°2′53″E / 42.25583° СГШ; 22.04806° ИГД / 42.25583; 22.04806
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Rankovce Municipality.svg Ранковце
Население 30[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031
Надм. вис. 1200 м
П’клиште на општинската карта
П’клиште во Општина Ранковце.svg

Атарот на П’клиште во рамките на општината
Commons-logo.svg П’клиште на Ризницата


П’клиште — село во Општина Ранковце.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во крајниот северозападен дел на Општина Ранковце. Селото е високопланинско со куќи од раштркан тип, сместено на надморска височина од 1150 до 1250 метри.

Од општинското средиште Ранковце е оддалечено 20 километри, од кое води асфалтен пат.

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата потекнува од доцноантичко време, што се гледа од локалитетите Селиште и Градаш.

Селото во последниот период се преобразува во туристичка населба, при што од страна на општината бил донесен урбанистички план и се отпочнала постапката за продавање на плацеви за изградба на викендички. Планот опфаќа површина од осум хектари.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има претежно шумарско-поледелска дејност и најмногу се одгледува компир и житарици, додека од добиток, претежно говеда и овци.

Население[уреди | уреди извор]

Бројот на населението во селото отсекогаш бил мал, но денес селото е на прагот на целосно раселување, при што со последниот попис се запишани само 30 жители.[1]

Сите се Македонци, а по вероисповед православни христијани.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[3] 1905[4] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 200 225 236 198 125 62 50 30
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]

Родови[уреди | уреди извор]

П’клиште е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

Родови во П’клиште се: Петровци (7 к.), Падинци (14 к.) и Чурчици (2 к.), сите овие родови се доселенички со непозната старина. Родот Петровци е најстар во селото и ја знаат следната генеологија Ќиро (жив на 60 год. во 1973 година) Кузман-Карафил-Спасо-Величко-Иван, основачот на родот кој се доселил.[6]


Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година се наоѓала во некогашната општина Ранковце. Во рамките на општина Крива Паланка се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото припаѓало на Општина Герман, во која покрај Радибуш се наоѓало и селото Герман. Самата Општина Герман била дел од Кривопаланечката околија. Општината Герман постоела и во периодот 1950-1952 година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. Цветковска, Жаклина. „Во П’клиште се гради еколошки рај“, „Дневник“, МПМ Македонија, 6 септември 2012 (посет. 14 јануари 2016 г). (на македонски)
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  4. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  5. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  6. Трифуноски, Јован (ХАЗУ). Кривопаланачка област. Загреб. стр. 293-294. 
  7. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]