Ветуница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ветуница
Ветуница is located in Македонија
Ветуница
Местоположба на Ветуница во Македонија
Координати 42°9′11″N 22°5′3″E / 42.15306° СГШ; 22.08417° ИГД / 42.15306; 22.08417Координати: 42°9′11″N 22°5′3″E / 42.15306° СГШ; 22.08417° ИГД / 42.15306; 22.08417
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Rankovce Municipality.svg Ранковце
Население 57[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031
Commons-logo.svg Ветуница на Ризницата


Ветуница — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел на територијата на Општина Ранковце. Сместено е на десната страна на Крива Река, а низ селото поминува и Ветуничка Река. Претставува село од растурен маалски тип.

Се наоѓа во непосредна близина на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат oд Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 3 километри од општинското средиште Ранковце и 23,5 километри југозападно од Крива Паланка. Во близина на селото се наоѓа и автобуска станица.

Историја[уреди | уреди извор]

Се верува дека постоела населба од доцното античко време на местото на денешното село.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото не постојат стопански и услужни објекти, а самото население главно се занимава со полјоделство и сточарство.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците од пописот во 2002 година во Ветуница живеат 57 жители сите од македонско етничко потекло и со православна вероисповест.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[2] 1905[3] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 230 88 168 209 250 221 189 83 73 57
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Ветуница се наоѓале и селата Вржогрнци, Гулинци, Љубинци, Одрено, Опила, Отошница, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.

Наводи[уреди | уреди извор]