Герман (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Герман
планина
Глетка од планинското било
Регион Македонија МакедонијаБалкан
Се граничи со Козјак и Билино
Највисока точка Модра Глава
 - височина 1.390 м

Герман — средновисока планина во крајниот североисточен дел на Македонија, помеѓу котлината Славиште на југ, долината на Пчиња на север, планината Козјак од запад и масивот Билино од исток.[1]. Највисок врв е Модра Глава (Герман) (1.390 м н.в). Височината на главното било кое има правец на протегање сз–ји е изедначена на околу 1.300 m, а само наместа се издигаат височинки. Во наведениот правец тоа е долго 9 km. Припаѓа на Родопскиот планински систем, односно таа е од тип на стара грамадна планина[2]. Геолошкиот состав е претставен со: гнајсеви, микашисти, зелени шкрилци и др. Неговите страни се дисецирани со голем број речни текови. Планината е сиромашна со шумска вегетација, поради што се активни рецентните ерозивни процеси. Во највисоките делови е сместено селото Герман.[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Marković, Jovan Đ (1968). Fizička geografija Jugoslavije (2 издание). Naučna knjiga. 
  2. Стојмилов, Александар (2011) (на македонски). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 63. 
  3. Geografsko društvo na SR Makedonija (1989). Geografski razgledi (27-30 издание). Skopje: Društvo.