Прејди на содржината

Васил Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Васил Петрушев Стојановски ( 1915 во Станча20 октомври 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Израснал во земјоделско семејство. По завршувањето на основното училиште, останал во родното село и се занимавал со земјоделство. На 6 август 1944 година, стапил во Треттата македонска ударна бригада. Во редовите на бригадата учествувал во борбите на кумановскиот и велешкиот терен, а потоа и на скопските терени. Бил учесник во ycпeшното дејство на бригадата за ослободување на политичките затвореници од затворот во Идризово. На 20 октомври 1944 година, тој храбро загинал, во борбите против балистите и Германците, кај реката Треска. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

  1. 1 2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 259. На |first= му недостасува |last= (help)