Скачковце
Скачковце | |
Панорама на Скачковце | |
Координати 42°2′53″N 21°49′31″E / 42.04806° СГШ; 21.82528° ИГДКоординати: 42°2′53″N 21°49′31″E / 42.04806° СГШ; 21.82528° ИГД | |
Општина | Куманово |
Население | 105 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 17090 |
![]() |
Скачковце или Скачковци — село во Општина Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Которлак, оддалечено 15 километри јужно од Куманово и 27 км северно од Свети Николе.
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Скачковце е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Брекче на 1,5 км источно од селото.[2]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Скачковце живееле 270 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Скачковце имало 200 Македонци, патријаршисти.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 160 жители, од кои 159 Македонци и 1 Србин.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 105 жители, од кои 100 Македонци, 1 Србин, 1 останат и 3 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 270 | 200 | 508 | 512 | 576 | 474 | 328 | 219 | 166 | 160 | 105 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови[уреди | уреди извор]
Скачковце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Староседелци: Десподовци (14 к.), Каревци (12 к.) и Здравковци (1 к.) порано живееле во месноста Селиште, кое се наоѓало 800м источно од положбата на денешното село.
- Доселеници: Ваневци (8 к.) и они порано живееле во месноста Селиште. А уште подалечно потекло имале од Прилепско; Петринци (10 к.) и Стојковци (6 к.) доселени се, но не знаат од каде; Џумбушовци (6 к.) доселени се од селото К’шање. Го знаат следното родословие: Анѓел (жив на 71 г. во 1971 година) Димко-Јован, се доселил Јован со неговите синови Димко и Лазо; Ѓуганци (6 к.) доселени се од селото Ѓуѓанци во Овче Поле; Пајковци (3 к.) доселени се од селото Мургаш; Живачки (4 к.) доселени се од селото Коњух; Сеировци (2 к.) доселени се од селото Луке во Кривопаланечко; Новаци (2 к.) доселени се од селото Псача во Кривопаланечко; Гулинци (4 к.) доселени се во 1919 година од селото Гулинци во Кривопаланечко; Шопје (2 к.) доселени се во 1922 година од селото Петралица во Кривопаланечко; Планинци (3 к.) доселени се во 1952 година од селото Криви Камен во Кривопаланечко.[11]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Св. Јован Крстител“
- Црква „Св. Троица“ — манастирска црква
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Бела Вода — населба и некропола средниот век
- Брекче — населба од железно време
- Варница — населба од римско време
- Ѕидини — населба од римско време
- Ливада — населба од средниот век
- Селиште — населба од железно време
- Ќерамидница — населба од римско време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Пред крајот на турското владеење во Куманово целосно се иселиле родовите Здравковци и Норци, во селото биле староседелци.
Во турско време во селото Шупли Камен се иселиле родовите Чумљаци и Даневи. Скачкулинци се иселиле во селото Карабичане. После Втората светска војна има иселеници во Куманово (20 семејства) и во Скопје.[11]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 222. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница „Св Кирил и Методиј“.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|