Прејди на содржината

Општина Теарце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Теарце
Општина
Седиштето на Општина Василево
Седиштето на Општина Василево
Знаме на Општина ТеарцеГрб на Општина Теарце
Карта
ДржаваМакедонија
РегионПолошки
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996
СедиштеТеарце
Населени места
Управа
  ГрадоначалникДаут Мемиши (Вреди)
Површина
  Вкупна136,55 км2 (52,72 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно23.236
  Густина170/км2 (440/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+044
Регистарски табличкиTE
Мреж. местоtearce.gov.mk
Карта на општина Теарце со селските атари.
Демографска карта на општина Теарце со селските атари.

Општина Теарцеопштина во северозападна Македонија. Седиште на општината е селото Теарце.

Географија

[уреди | уреди извор]

Општината се наоѓа во областа Долни Полог, северно од градот Тетово. На исток и југоисток граничи со Општина Јегуновце, на југ со Општина Тетово, додека на северозапад допира до македонско-косовската државна граница.

Историја

[уреди | уреди извор]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година Општина Теарце има 22.454 жители, од кои:[2]

НародВкупноУдел (%)
Македонци 2.739 12,20
Албанци 18.950 84,40
Турци 516 2,30
Роми 67 0,30
Власи 0 0,00
Срби 14 0,06
Бошњаци 1 0,01
останати 167 0,74
Вероисповед Вкупно
православни 2.757
муслимани 19.508
католици 14
протестанти 1
останати 174
Јазик Вкупно
македонски 2.740
албански 18.955
турски 516
ромски 60
влашки 1
српски 16
бошњачки 3
останати 163

На табелата е прикажан националниот состав на населението во општината низ сите пописни години:[3]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 13.233
1953 5.423 8.012 592 71 63 ... 12 14.173
1961 4.962 9.306 729 ... ... 23 ... 101 15.121
1971 4.212 12.738 620 81 ... 28 ... 53 17.732
1981 4.023 16.211 526 119 23 ... 72 20.974
1994 2.844 17.365 462 80 39 ... 7 20.797
2002 2.739 18.950 516 67 14 1 167 22.454
2021 2.114 14.704 382 50 22 422 17.694

Во пописните години се забележува намалување на бројот на Македонците, а истовремено и зголемување на бројот на Албанците. Во пописот од 1953 година, во рамките на општината Македонците биле 38,2 %, а Албанците 56,5 %. Околу половина деценија подоцна, процентот на Македонците опаѓа на 12,2 %, додека кај Албанците се искачува на мошне високи 84,3 % застапеност.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Теарце е Даут Мемиши од редовите на Вреди. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[4]

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена.[5]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2019-05-08.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk Архивирано на 3 февруари 2020 г..
  4. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
  5. „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]