Прејди на содржината

Општина Зелениково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Зелениково
Општина
Знаме на Општина ЗелениковоГрб на Општина Зелениково
Карта
ДржаваМакедонија
РегионСкопски
Година кога е основана со закон1945 (под називот месен народен одбор)
Година кога е укината со закон1950
Година кога е основана со закон1952
Година кога е укината со закон1955
Година кога е основана со закон1996
СедиштеЗелениково (1945-1950, 2004-до денес), Станица Зелениково (1952-1955, 1996-2004)
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникКоста Маневски
Површина
 • Вкупна176,95 км2 (68,32 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно3.361
 • Густина19/км2 (49/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоzelenikovo.gov.mk
Карта на Општина Зелениково со селските атари.
Демографска карта на Општина Зелениково со селските атари.

Општина Зелениковоопштина во северниот дел на Македонија, во јужниот дел на Скопската Котлина. Таа е единствената општина во околината на градот Скопје којашто не се граничи со неговата територија. Општинско седиште е селото Зелениково.

Географија

[уреди | уреди извор]

Општина Зелениково е општина во северниот дел на Република Македонија, сместена во крајниот југоисточен дел на Скопската Котлина во близина на градот Скопје. Поточно општината Зелениково се наоѓа во горното Повардарие, во средото течение на реката Вардар во близина на сливот на Кадина Река и Пчиња. Територијата на општина Зелениково зафаќа површина од 176,95 km2. Општината Зелениково се граничи со 4 општини и тоа: Велес од југ и југоисток, Чашка од југ, Студеничани од запад и Петровец од север и североисток. Самата општина има изразит рурален карактер и во своите граници опфаќа 14 населени места, од кои сите селски населби. Населението на општина Зелениково брои 4077 жители, што во однос на големината на територијата на општината покажува дека општина Зелениково има густина на населеност од 23,04 жители на km2, што ја вбројува во редот на ретко населени подрачја. Седиштето на општината е во село Зелениково, а градоначалник е Коста Маневски.

Историја

[уреди | уреди извор]

1945-1950 и 1952-1955

[уреди | уреди извор]

Месниот народен одбор Зелениково бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Градовци, Зелениково, Орешани.[2] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Зелениково бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Вражале со неговото село Вражале.[3] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Зелениково бил укинат на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Гара Зелениково.[4] Согласно административната поделба од 1952 година, Општина Зелениково била обновена на сметка на МНО Гара Зелениково. Населени места кои припаднале на општинате биле Вражале, Градовци, Гумалево, Дејковец, Добрино, Зелениково, Ново Село, Орешани, Пакошево, Палиград, Смесница, Станица Зелениково, Страхојадица, Таор и Тисовица. Овој пат, седиште на општината била Станица Зелениково.[5] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Зелениково била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Драчево.[6]

1996-до денес

[уреди | уреди извор]

Општина Зелениково била повторно основана со Законот за територијална организација на општините од 1996 година, на сметка на Општина Кисела Вода. Во општината припаднале 19. села: Вражале, Градовци, Гумалево, Дејковец, Добрино, Зелениково, Ново Село, Орешани, Пакошево, Палиград, Смесница, Станица Зелениково, Страхојадица, Таор и Тисовица.[7] Седиштето на општината било во Станица Зелениково. Според Законот за административна поделба од 2004 година, Општина Зелениково продолжила да постои со истите населени места. Разликата во општината било што населеното место Станица Зелениково го изгубила статусот на населено место и била префрлена во атарот на Зелениково. Со тоа, Зелениково станало седиште на општината.[8] Со предлог Законот за територијална организација на општините во 2004 година, било предвидено Општина Зелениково да биде укината на сметка на Општина Петровец.[се бара извор]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Населението во Општина Зелениково се занимава со примарни и секундарни стопански дејности. Најразвиено е земјоделството односно полјоделството и сточарството. Поради поволноста на теренот и високата плодност на земјиштето во пределот околу реката Вардар е најзастапено полјоделството, пред сè одгледувањето на житни култури (пченица, јачмен, овес, ’рж, пченка), градинарски култури (зелен пипер, домат, морков, кромид, лук, спанаќ, марула) како и индустриските култури (луцерка, фуражна пченка, детелина). Идеалните услови кои ги нудат ридските предели на општина Зелениково, последната деценија повторно го вратија и развија сточарството посебно козарството, по кое оваа општина е далеку позната, пред сè по прочуеното козјо сирење и млеко од неколкуте млекарници од Таор, Пакошево и Зелениково. Покрај козарството, доста развиено е и овчарството. Покрај земјоделството и сточарството развиено е и индустриското производство во прехранбената индустрија и фабриката за компјутерски микрочипови во село Орешани.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Зелениково имал 1,647 жители, односно вкупното население на Вражале, Градовци, Зелениково и Орешани.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[9]

Народност Вкупно
Македонци 833
Албанци 675
Роми 124
Срби 15

Според пописот од 1953 година, Општина Зелениково имала 5,284 жители, односно вкупното население на Вражале, Градовци, Гумалево, Дејковец, Добрино, Зелениково, Ново Село, Орешани, Пакошево, Палиград, Смесница, Станица Зелениково, Страхојадица, Таор и Тисовица.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[10][11]

Народност Вкупно
Македонци 1,679
Албанци 1,680
Турци 1,765
Роми 83
Срби 59
Хрвати 4
Неопределени Југословени 3
Останати Словени 1
Останати несловени 10

Според пописот од 2002 година, Општина Зелениково имала 4,077 жители, чиј етнички состав е:[12]

  • Македонци 2522 - 61,86%
  • Албанци 1206 - 29,58%
  • Турци 1 - 0,02%
  • Роми 92 - 2,26%
  • Власи 1 - 0,02%
  • Срби 45 - 1,10%
  • Бошњаци 191 - 4,68%
  • останати 19
Вероисповед Вкупно
православни 2.576
муслимани 1.491
католици 2
протестанти 0
останати 8
Јазик Вкупно
македонски 2.533
албански 1.205
турски 2
ромски 90
влашки 2
српски 38
бошњачки 10
останати 197

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Во општина Зелениково работи деветгодишно Основно училиште „Марко Цепенков“ кое се наоѓа Зелениково (сместено во поранешното населено место Станица Зелениково. Во рамките на училиштето работат и градинка и библиотека. Во општината работат и јавна и приватни здравствени амбуланти кои се наоѓаат во делот сеуште именуван како Станица Зелениково.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на Општина Зелениково е Коста Маневски од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години. Советот на Општина Зелениково е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 4 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места
  ДУИ: 1 место

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

На територијата на Општина Зелениково се наоѓаат повеќе културно-историски споменици и знаменитости. Во близината на селото Таор се наоѓа археолошкото наоѓалиште со остатоците од античкиот град Тауресиум во кој е роден римскиот цар Јустинијан I. Исто така во рамките на општината Зелениково се наоѓаат повеќе постари средновековни цркви и манастири меѓу кои: познатиот манастир „Свети Архангел Гаврил“ во селото Зелениково од XIV век, возобновен во 1845/46 година, манастирот „Свети Ѓорѓија“ и црквата „Воскресение Христово“ во Станица Зелениково, црквите „Свети Димитрија“ од XIV век и „Свети Илија“ од XVII век во селото Таор, а во Ново Село постои црквата „Свети Талеа“ од средновековието возобновена во 1896 година.

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 20 јуни 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 20 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 204. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 20 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 101. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 20 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  6. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 236. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 20 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  7. „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 14 септември 1996. стр. 2769. Архивирано (PDF) од изворникот 3 ноември 2022. Посетено на 20 јуни 2025.
  8. „Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 16 август 2004. стр. 4. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 20 јуни 2025.
  9. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 20 јуни 2025.
  10. „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 20 јуни 2025.
  11. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 20 јуни 2025.
  12. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]