Смесница
Смесница | |
![]() Поглед на селото Смесница | |
Координати 41°50′39″N 21°37′26″E / 41.84417° N; 21.62389° EКоординати: 41°50′39″N 21°37′26″E / 41.84417° N; 21.62389° E | |
Општина | Зелениково |
Население | 104 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25120 |
![]() |
Смесница — село во Општина Зелениково, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје, сместено во близина на левата страна на железничката пруга Скопје-Битола.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Торбешија, во Таорската Клисура, на десниот брег на реката Вардар, на околу десетина километри од општинското средиште Зелениково и на 35 километри јужно од градот Скопје.
Историja[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 28 семејства и 5 вдовици, сите христијани.[1]
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Смесница живееле 180 жители, сите Албанци.[2]
Во 1961 година селото има 159 жители, додека во 1994 година населението се зголемило на 168 жители.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 104 жители, сите Албанци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180[2] | 221 | 245 | 159 | 146 | 164 | 168 | 104 |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.497
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 208.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|