Пакошево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пакошево
Pakoshevo-view.jpg

Поглед кон селото Пакошево

Пакошево is located in Македонија
Пакошево
Местоположба на Пакошево во Македонија
Координати 41°52′23″N 21°37′5″E / 41.87306° СГШ; 21.61806° ИГД / 41.87306; 21.61806Координати: 41°52′23″N 21°37′5″E / 41.87306° СГШ; 21.61806° ИГД / 41.87306; 21.61806
Регион Скопска Блатија
Општина Општина Зелениково
Население 247 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 220 м
Пакошево на општинската карта
Пакошево во Општина Зелениково.svg

Атарот на Пакошево во рамките на општината
Commons-logo.svg Пакошево на Ризницата

Пакошево е село во Општина Зелениково, во околината на градот Скопје.

Поглед на Пакошево од мостот на реката Вардар

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Пакошево, се наоѓа во најјугоисточниот дел на Скопската котлина веднаш на левиот брег на реката Вардар на влезот од Таорската клисура, на само два километри од општинскиот центар Зелениково, на еден километар од железничката станица Зелениково и 22 километри од Скопје. Пакошево е расположено на 319 метри надморска височина[1].

Историja[уреди | уреди извор]

Потеклото на името најверојатно доаѓа и асоцира од македонскиот (словенскиот) збор пакост (нешто лошо, злонамерно), но тоа сѐ уште не е јасно проучено. Македонскиот истражувач Апостол Поп Јовановски во својата книга „Македонски народни легенди“ ја забележал следната народна легенда за потеклото на името на селото Пакошево: во дамнешни времиња ќерката на Цар Самуил одела за Скопје и минувајќи низ овој предел и се скршило тркалото на кочијата. Чекајќи долго време да дојдат мајстори-колари да извршат поправка, поради пакоста што и се случила таа местото го нарекла пакосно, пакошево место[2].

Пакошевската Карпа или Градиште на која денес стои крст е тесно карпесто возвишение кое е е подесено за одбрана, ана неговиот врв се наоѓаат камења, песок и вар од некогашните ѕидови, меѓу народот постои верување дека на просторот помеѓу таа месност и месноста Заградиште постоел манастирот Свети Ѓорѓија, чии ѕидини се познавале до пред еден век. Во првата половина на XIX век кај месноста Велкова Чешма постоела војничка кула изградена од Хамзи Паша од Скопје. Пакошево било чифчиско село на повеќе бегови, а на почетокот на XX век тоа било и раселено од неговите бегови[3].

Економија[уреди | уреди извор]

Основата на економијата во селото Пакошево е земјоделството и сточарството. Од земјоделието најмногу се одгледува пченица како и домат, зелен и црвен пипер од раноградинарските култури и помал дел на индустриско-фуражни култури. Како и во соседните села Зелениково и Таор, така и во Пакошево се одгледуваат кози, а отворена и млекарница и кланица за производство на козјо млеко, сирење и месо.

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Пакошево живееле 90 жители, сите Македонци.[4]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пакошево имало 32 Македонци, патријаршисти.[5]

Според пописот од 2002 години селото Пакошево има 247 жители од кои 210 Македонци, 27 Роми и 10 Срби.[6]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: [7]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 90[4] 32[5] 208 196 224 235 253 231 222 247

Родови[уреди | уреди извор]

Пакошево е македонско село.

Според истражувањата од 1951 година, родови во Пакошево се:

Димишковци (3 к.) и Анчевци (2 к.) староседелски родови; Станковци (4 к.) и Милошевци (2 к.) доселени се околу 1911 од селото Носал кај Гнилане (Косово); Арсовци или Симоновци (3 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Клокот кај Гнилане (Косово); Спасевци (2 к.) доселени се кога и претходните родови од селото Пожерање кај Гнилане (Косово); Чапањаковци (2 к.) доселени се кога и претходните родови од селото Кукце кај Гнилане (Косово); Максимовци (4 к.), Чакини (1 к.) и Жабојци (1 к.) време на доселување како кај претходните родови, доселени се од Радивојца кај Гнилане (Косово); Цветковци (1 к.) доселени се кога и претходните родови, доселени се од селото Врбовце кај Гнилане (Косово); Станисавлевиќи (1 к.) доселени се во 1913 година од околината на Ужице, Србија; Стојан Влав (1 к.) доселен е од некое село кај Тимок, Србија.[3]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Цркви[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.227
  2. Поп-Јовановски Апостол. „Македонски народни легенди“. НИО „Студентски збор“, Скопје, 1986 год. стр.78
  3. 3,0 3,1 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год.
  4. 4,0 4,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 207.
  5. 5,0 5,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 116-117.
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.