Страхојадица
Страхојадица | |
Координати 41°51′35″N 21°36′24″E / 41.85972° N; 21.60667° EКоординати: 41°51′35″N 21°36′24″E / 41.85972° N; 21.60667° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Торбешија |
Население | 268 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1053 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25125 |
Надм. вис. | 340 м |
![]() |
Страхојадица (албански: Strugodica) — село во Општина Зелениково, Скопско.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во областа Торбешија, на десниот брег на Вардар и над Таорската Клисура. Пределот е рамничарски, со надморска височина од 340 м, а атарот зафаќа површина од 4 км2.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Страхојадица било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. населението на Стракојадица се состоело од 240 жители Арнаути муслимани.[2]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена ја покажува Страхојадица (Strahojadica) како албанско село.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има полјоделско стопанство. Според податок од 1998 г. има 152 ха обработливо земјиште и 220 ха шуми.[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[4] | 1905[5] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240 | — | 239 | 251 | 277 | 200 | 225 | 201 | 228 | 268 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Интерсен е податокот што пописот од 1953 г. вели дека селото се состоело од 243 „Турци“ (всушност Македонци-Торбеши), 6 Роми и 2 останати. Во текот на 1950-тите бројот на Турци се располовил, а другата половина жители станале Албанци. На пописот од 1971 г. имало 200 жители, од кои 197 биле „Турци“ (Торбеши), а само 2 Албанци. Во текот на наредните години, бројот на изјаснетите „Турци“ опаднал на 49, а останатите 176 биле заведени како Албанци.[7] Оттогаш натаму не е попишан ниеден „Турчин“, туку само Албанци и неколкумина останати. Се поставува прашњето дали станува збор за менување на националното изјаснување кај торбешкото население, или за периоди на иселување и повторно доселување на вистински Албанци.
Според пописот од 2002 година, во селото Страхојадица живееле 268 жители, од кои 267 Албанци и 1 Македонец. Следува табела на националната структура на населението во 2002 г.[8]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 267 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Страхојадичка џамија
- Подрачно училиште на ОУ „Марко Цепенков“ - Зелениково со настава на албански[9]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 287. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр.208.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Страхојадица — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „За нашето училиште“. ОУ „Марко Цепенков“. Посетено на 17 јануари 2021.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|