Чифлик (Општина Сопиште)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
За други истоимени места, погледајте Чифлик (појаснување).
Чифлик — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Каршијак на јужното подножје на планината Водно.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 636 жители, од кои 634 Албанци и 2 Македонци.[1]
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[2]
Година | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 317 | 353 | 363 | 339 | 444 | 536 | 636 |
Родови[уреди | уреди извор]
Чифлик е албанско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото
- Доселеници: Фазлиалар (10 к.) и Мизиралар (15 к.) имаат исто потекло. Доселени се од Долен Дебар во Албанија (околината на Пешкопеја). Овде живеат од крајот на XVIII век. Во првиот род се знае следното родословие: Осман (жив на 55 г. во 1950 година) Реџеп-Муро-Осман-Јусуф-Фазлија, кој се доселил; Рекалар (12 к.) доселени се во исто време со претходните два рода од селото Рибница во Горна Река. Таму се доселиле од Албанија, непознато кога; Кољча (9 к.) за нив мислат дека биле поалбанчени Македонци. Овде мешајќи се со албанците се поалбанчиле. Иако они тврдат дека се доселени од некое место Колтрак во Албанија.[3]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Чифлик на Карти на Гугл
|
|