Држилово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Држилово
Држилово is located in Македонија
Држилово
Местоположба на Држилово во Македонија
Координати 41°51′2″N 21°20′52″E / 41.85056° СГШ; 21.34778° ИГД / 41.85056; 21.34778Координати: 41°51′2″N 21°20′52″E / 41.85056° СГШ; 21.34778° ИГД / 41.85056; 21.34778
Општина Coat of arms of Sopište Municipality.svg Сопиште
Население 362 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 715 м

Држилово е село во Општина Сопиште. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 362 жители. Дел од Македонците-муслимани, поради политичко-религиски причини, се изјасниле како Турци.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е дел од областа Торбешија и се наоѓа во западното подножје на Караџица.

Историja[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 300 жители муслимани (Македонци).[1]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 362 жители, од кои 115 Македонци, 242 Турци и 5 други.

Родови[уреди | уреди извор]

Држилово е торбешко село. Според истражувањата од 1950 година родови во селото се:

  • Доселеници: Балевци (8 к.), Љутвиовци (3 к.), Сејфовци (8 к.), Арифовци (4 к.), Суљовци (2 к.), Беадиновци (3 к.), Далиповци (2 к.), Јајовци (13 к.), Бејтовци (6 к.), Сеферовци (1 к.), Јакуповци (1 к.), Љатифовци (1 к.), Бајрамовци (10 к.), Асановци (16 к.), Салиовци (8 к.), Аметовци (4 к.), Таир (1 к.), Адемовци (3 к.), Исаковци (4 к.) и Алиловци (3 к.) сите наведени родови потекнуваат од четири семејства кои се доселиле во втората половина на 18ти век од мијачкото-торбешко село Жировница; Оџевци (7 к.) потекнуваат од предокот Џафер кој бил Албанец и живеел во Скопје. Он дошол во средината на 19ти век, по повик на селаните да им биде Оџа.[2]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1950 година од селото се иселиле 30 семејства во Скопје, и 40 семејства во Турција.[2] и после тоа има иселување воглавно во тие два правца.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]