Палиград

Координати: 41°49′36″N 21°29′48″E / 41.82667° СГШ; 21.49667° ИГД / 41.82667; 21.49667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Палиград
Палиград во рамките на Македонија
Палиград
Местоположба на Палиград во Македонија
Палиград на карта

Карта

Координати 41°49′36″N 21°29′48″E / 41.82667° СГШ; 21.49667° ИГД / 41.82667; 21.49667
Општина Зелениково
Население 12 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25106
Палиград на општинската карта

Атарот на Палиград во рамките на општината
Палиград на Ризницата

Палиград — село во Општина Зелениково, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Торбешија во јужното подножје на планината Китка.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948619—    
1953631+1.9%
1961472−25.2%
1971418−11.4%
1981407−2.6%
ГодинаНас.±%
199110−97.5%
1994397+3870.0%
2002303−23.7%
202112−96.0%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 21 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 51 мажи муслимани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 106 жители.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Палиград живееле 230 жители, сите Албанци[3].[4]

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и има 473 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[6]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во Палиград, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема целосни податоци.

На пописот од 1994 година селото има 397 жители, а на пописот од 2002 година селото Палиград има 303 жители, од кои 302 Албанци и 1 Бошњак.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, од кои 7 Албанци и 5 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 230 96 619 631 472 418 407 10 397 303 12
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Родови[уреди | уреди извор]

Палиград е албанско село. Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:

  • Доселеници: Бељозе (11 к.) се меѓу најстарите доселеници во селото. По потекло се од северна Албанија. Во родот се знае следното родословие. Рамиз (жив на 55 год. во 1951 година) Дурмиш-Таир-Сејди-Балто, основачот на родот кој се доселил. Нивното населување може да датира некаде кон крајот на 18 век. Имаат свои иселеници во соседната населба Круша, и во селото Морани; Селимлар (13 к.) доселени во исто време кога и претходниот род. По потекло се од северна Албанија; Љуше (8 к.) доселени се од северна Албанија. Го знаат следниот родослов. Сулејман (жив на 75 год. во 1951 година) Бекир-Синан-Љушо, основачот на родот. Во овој род имало човек Сали Ќаја кој бил најголем сточар во селото. Имал околу 300 овци, 200 кози, 100 говеда, 20 коњи, како и задруга од околу 30 членови. Иселеници од овој род има во Морани и во Скопје (2 семејства); Мусалар (17 к.) потекнуваат од северна Албанија. Најстари предци во овој род биле Мусо и Бислим. Го знаат следното родословие. Рамадан (жив на 47 год. во 1951 година) Јонуз-Кајил-Мусо, кој се доселил со братот Бислим; Дуракалар (12 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде живеат од средината на 19 век; Бељулар (9 к.) по потекло се од северна Албанија, овде живеат од кога и претходниот род. Имаат иселеници во Моране; Лиманлар (10 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде живеат од кога и претходните родови.[13]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Албански иселеници од селото има во Морани, Скопје (8 семејства) и во Велес.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  3. Албанците биле забележани како Арнаути.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 208.
  5. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 . Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. Скопје: Филозофски факултет. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]