Гумалево
Гумалево | |
Поглед на селото Гумалево | |
Координати 41°50′4″N 21°36′6″E / 41.83444° СГШ; 21.60167° ИГД | |
Општина | Зелениково |
Население | 15 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25065 |
Гумалево на општинската карта Атарот на Гумалево во рамките на општината | |
Гумалево на Ризницата |
Гумалево — село во Општина Зелениково, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Торбешија, на левиот брег на Кадина Река. Оддалечено е 34 километри јужно од Скопје и 9,5 километри јужно од општинското седиште Зелениково.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 27 христијански семејства.[2]
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 24 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 43 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.[3]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 209 жители.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гумалево живееле 210 жители, сите Албанци[5].[6]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и има 321 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Турци и 50 Албанци.[8]
Селото броело 343 жители во 1961 година, а во 1971 година живееле само 206 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 102 жители, сите Албанци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 9 Албанци и 6 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 210 | — | 376 | 386 | 343 | 206 | 194 | 183 | 168 | 102 | 15 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
[уреди | уреди извор]Гумалево е албанско село. Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
- Доселеници: Исалар (18 к.) по потекло се од фисот Бериш во северна Албанија. Името го добиле по некој предок Исен. Инаку родот го основал Мемиш, кој во селото се доселил во 18 век. Се знае следното родословие. Бафтијар (жив на 60 год. во 1951 година) Јакуп-Ферат-Јусуф-Идриз-Мемиш, кој го населил селото. Нивните роднини во селото Страхојадица тврдат дека овој род потекнува од фисот Круја Зи во северна Албанија; Сејдилер (16 к.) по потекло се од фисот Тсач во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Јусуф (жив на 47 год. во 1951 година) Фериз-Курдали-Рамадан-Мурат, кој се доселил на почетокот од 19 век; Пилелер (8 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Го знаат следното родословие Фета (жив на 20 год. во 1951 година) Бесим-Адем-Зимер-Абдула-Рамадан, кој го основал родот и се населил во селото на почетокот од 19 век. Нивните роднини во селото Страхојадица тврдат дека потекнуваат од фисот Круја Зи; Шкурталар (15 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Абдија (жив на 30 год. во 1951 година) Медија-Абдија-Сулејман-Алија, кој се доселил кон средината на 19 век.[15]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Кадина Пештера — поткапина и доста посетувано место за спорстко качување и алпинизам, на левиот брег на Кадина Река во непосредната близината на селото Гумалево.
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Албански иселеници од селото до 1951 година има во селото Страхојадица (Селимлар, Раманлар со Мезин и Кравалар) кои имаат роднини во селото Гумалево. Потоа иселеници од селото има во Скопје, Турција, Велес и селото Бузалково.[15]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на селото Гумалево
-
Поглед на селото Гумалево
-
Поглед на селото Гумалево
-
Поглед на селото Гумалево
-
Поглед на селото Гумалево
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 491
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Албанците биле забележани како Арнаути.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 208.
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 15,0 15,1 . Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. Скопје: Филозофски факултет. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|