Света Петка (Скопско)
- Оваа статија се однесува на селото Света Петка во општина Сопиште. За светицата со исто име, видете Света Петка.
Света Петка — село во Општина Сопиште. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 712 жители.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е дел од областа Каршијак и се наоѓа во јужното подножје на Водно.
Историја[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 20 жители христијани (Македонци) и 200 жители муслимани (Албанци).[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 712 жители, од кои 701 Албанец и 11 останати.
Родови[уреди | уреди извор]
Света Петка е албанско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се следните:
- Доселеници: Абдалар (21 к.) доселени се од некое село во Горна Река. Уште подалечно потекло имаат од Албанија. Го знаат следното родословие: Меџид (жив на 45 г. во 1950 година) Џеладин-Кадри-Емин-Абди Ќаја, кој се доселил. Тоа било во почетокот од XVIII век; Шопалар (20 к.) потекнуваат од фисот Соп во северна Албанија; Аџијалар (12 к.) доселени се од некое село во Горна Река. Уште подалечно потекло од Албанија; Аљиалар (11 к.) доселени се од мијачкото село Жировница во Долна Река. Основачот на родот говорел само македонски, но мешајќи се со албанците сега во овој род се говори албански, и се сметаат за Албанци. Од Жировница се иселиле двајца блиски роднини, едниот се населил во Говрлево каде прешол во православие. Тие и сега постојат во тоа село (Скендеровци). Тие долго време се пазеле како блиски роднини. Го знаат следното родословие: Милаим (жив на 50 г. во 1950 година) Селам-Бислим-Бејтула-Алил, кој се доселил околу 1810 година во Говрлево, па набрзо прешол во Света Петка.[3]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[4]
- Рамниште — населба и некропола од средниот век
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 382, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Света Петка на Карти на Гугл
|
|