Тимок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тимок

Тимок е река во источна Србија. Тимок е збир на реки со исти имиња и со придавки пред нив (Црни Тимок, Бели Тимок, Сврљишки Тимок, Трговишки Тимок, Велики Тимок). Од изворот на Сврљишки Тимок до устието на Велики Тимок во Дунав има 203 км. Реката тече низ Србија ,а последните 15 км ја претставува границата на Србија и Бугарија.уште се наоѓа и на надморска висина од 28 м,што претставува и најниска точка во Србија.Тимок е дел од Црноморскиот слив со протек од 24 m³/s, а може да достигне и 40 m³/s.Тимок е десна и последна притока на Дунав во Србија.

Тимок е широк 35 m, а длабок 0,5 - 1,5 m. Негова најголема лева притока е Вражогрначка река (45 km), а по тоа влегува во епигенетска Вражогрначка клисура длабока окулу 150-240 м, која се простира во должина 4,5 km. Каде што поминувс низ ерозивно проширување кај селото Трнавца и влегува во големата клисура или Соколовица со многу меандри. Некои од нив се : Стражевац, кои се наоѓа од десната страна на Тимок. Тој тече по алувијалната рамнина широка 300 - 1000 м, до селото Вељково и во долина на 18 км по алувијалната рамнина Дунав.

Должината на Тимок е 88 км, а сливното подрачје 1.222 km². Заедно со Белиот и Трговишкиот Тимок е долг 201,7 и има има сливно подрачје 4.630km². Неговиот тек е најголем во близина на вливот и изнесува 300 м³/с, а најмалиот од сите окулу 3 м³/с, што покажува дека реката има обилни карактеристики. На Тимок е хидроелектраната Соколовица ( 3,84 MW ) која годишно произведува цамо 17 милиони kWh електрична енергија. Електраната е пуштена во функција во 1949 година, таа хидроелектрана работи на проточна вода.

Наводи[уреди | уреди извор]