Католицизмот во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот
Христијанство во Македонија

Христијански крст

Историја
Мисијата на Апостол Павле
Христијанизација
Свети Кирил · Свети Методиј
Свети Климент · Свети Наум
Самоилово царство
Отоманска империја
Странски пропаганди

Православие
Охридска архиепископија
МПЦ-ОА

Католицизам
Апостолски егзархат
Скопска бискупија
Римокатоличко влијание
Лазаристи

Протестантство
Протестантска пропаганда
Евангелско-методистичка црква
Баптистичка Црква

Мајка Тереза, најпознатиот католик од Македонија

Римокатолицизмот во Македонија е една од поголемите религиски заедници кои опстојуваат на територијата на Републиката. Католицизмот во Македонија е дел од Римокатоличката црква, која пак е под духовно водство на папата во Рим. Римокатоличките верници од Македонија најмногу се од македонска, албанска и хрватска националност и се најмногу сконцентрирани во северниот и југоисточниот регион на Македонија.[1]

Почетокот на христијанството во Македонија[уреди | уреди извор]

Христијанството во Македонија започнува уште од времето на апостолите, кога самиот апостол Павле 51 година пристигнува во Македонија. Впрочем, додека Св. Павле бил во Троада, Мала Азија, ноќта на сон му доаѓа еден Македонец и го моли велејќи: „Дојди во Македонија и помогни ни“(Дела 16,9). По втор пат христијанството започнува да се шири во Македонија со доаѓањето на новите народи на Балканот, пред се Словените. Започнува во 7 и го достигнува својот врв во 19 век во времето на Светите браќа Кирил и Методиј, кои даваат свој белег и ги поставуваат темелите за натамошниот развој на словенската култура. Делото на Светите Браќа го продолжуваат нивните ученици Климент и Наум, кои ја втемелиле првата словенска епархија на Балканот, односно Охридската епархија. Во времето на Самуиловото царство и создавањето на јужнословенските епархии створена е и Охридската архиепископија чија автокефалност се одржува се до 1767 година, кога Турците, под влијание на Цариградската патријаршија ја укинуваат. Оттогаш во Македонија започнува и движењето за ослободување и осамостојување на национално и црковно поле.

Обреди[уреди | уреди извор]

Албанско католичко семејство од Скопје во 1910 година

Во Македонија постојат сега две Црковни Институции (Епархии) и тоа: за католиците од Римски обред, Скопска Бискупија, и за католиците од од византиско-словенски обред, Апостолски Егзархат, со седиште во Струмица.

Скопска Бискупија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Скопска Бискупија.

Скопска бискупија, под чија јуриздикција се верниците од западен односно римски обред е една од најстарите бискупии на Балканот која постои во континуитет од самото нејзино основување. Територијата каде што денеска се простира скопска бискупија историски не е доволно испитана. Многу важни историски факти и денеска се нерасветлени. Поради подобар преглед, црковната историја во овие краеви би можеле да се подели во три главни периоди.

Прв период[уреди | уреди извор]

Првиот период почнува со појавувањето на Христијанството во Европа. Значи во времето на Св. Апостол Павле. За тоа дека христијанството било присутно во овие краеви говори и податокот, дека на Никејскиот собор (325 година), меѓу потпишаните соборски отци, се среќава и името на бискупот Дакос од Скупи (Скопје). Бискупот Дакос се споменува како митрополит на чело на покраината Дарданија, чиј главен град е Скопје, а се простира од Ниш па се до Велес. Постоењето на митрополија не упатува кон една јасно дефинирана црковна организација во покраината на чело со митрополит и повеќе бискупи. Овој период може да се нарече „златен период“ за оваа покраина. Подоцнежните писатели споменуваат пет диецези во склоп на провинцијата Дарданија. Меѓу потпишаните во писмото, што дарданиските бискупи му го пратиле на Папата Геласиј (492 година), се наоѓаат имињата на шестмина бискупи.

Втор период[уреди | уреди извор]

Вториот период е карактеризиран со немирни состојби и преоѓање на овие краеви од раце во раце на разни нови владетели. Со доаѓањето на Турците настапува еден тежок период за христијаните во овие краеви. Петвековното турско ропство оставува тешки последици во диецезата. Но сепак во еден извештај во Рим кој датира од 1584, Скопје се спомнува како католички центар.

Трет период[уреди | уреди извор]

Овој период се совпаѓа некако во времето на основањето на Конгрегацијата “де Пропаганда Фиде” од 1622 година. Во овој период се посветува повеќе внимание на овие краеви. Редоследот на скопските пастири од надбискупот Андрија Богдани (1651-1656) па се до денес е непрекинат. Воглавно сите резидирале во Скопје иако многу пати биле присилени, поради турските зулуми, да го менуваат местото на своето престојување, сокривајќи се во непристапни места. Се до 1914, Скопје го носи насловот „Надбискупија“. Но со конкордатот помеѓу Светиот Стол и кралството Србија тој наслов преоѓа на Белград. Последен надбискуп е Лазар Миеда се до 1921 година кога е поставен за митрополит во Скадар. Во 2000 година Светитот Отец Папа Јован Павле II ја разделува Скопска од Призренската бискупија и денес нејзината јурисдикција се протега на целата територија на Македонија.

Апостолски егзарх во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Македонија постојат и католици од византиско-словенски обред, кои потпаѓаат под јуриздикција на Апостолскиот Егзархат во Македонија.

Кукушко соединение[уреди | уреди извор]

Движењето за ослободување и осамостојување добива свој замав кон средината на 19 век, кога по цела Европа се буди националната свест. Тоа движење ја зафаќа и Македонија. Во борба за црковно ослободување од хеленистичкото влијание, покрај националниот дух во македонскиот народ се буди и духот за црковна независност од Цариградскиот патријархат. После, неуспешното барање сојузник во разните независни Цркви, обидот за ослободување од јуриздикцијата на Цариградскиот патријархат завршува во соединение со Католичката црква 1859 година. Центарот на тоа движење бил градот Кукуш, од каде и името „Кукушко соединение“. Во 1883 година створен е Апостолски викаријат за Македонија со седиште во Солун. Прв Апостолски викар именуван е владиката Лазар Младенов.[2]

Апостолски викаријат[уреди | уреди извор]

Со создавањето на Апостолскиот викаријат во Македонија е формирана правната структура на Католичката црква од византиско-словенски обред во Македонија. Епископот Младенов ја означува јасната насока на развојот на Католичката црква од источен обред. Меѓутоа несреќните околности што го зафаќаат тој крај: Илинденското востание, Балканските војни и Првата светска војна се одразува негативно и по католиците. После првата светска војна католиците од источен обред се нашле во Вардарскиот дел на Македонија и струмичкиот регион, светиот Отец Папа ги поверува под грижата на тогашниот Надбискуп во Скопје. На 19 октомври 1923 година со одредба на Ватикан стануваат составен дел на Крижевската епархија и како такви остануваат се до 2001 година.

Апостолски егзархат[уреди | уреди извор]

Неговата Светост папата Јован Павле ИИ на 11 јануари 2001 година во Ватикан го потпишал декретот за воспоставување Апостолски егзархат за католиците од источен обред во Македонија што во Ватикан бил објавен на 25 јануари 2001 година. Прв апостолски егзарх именуван е Н.П. Монс д-р Јоаким Хербут, бискуп скопски. За седиште на егзархатот е одреден градот Струмица, а парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица добива наслов катедрала.

Двете црковни католички институции: Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија се под водство на една личност, Монс. д-р Киро Стојанов од 2005 година, можеби и единствен случај во светот. И покрај различните обреди соработката меѓу духовенството и меѓу верниците е на завидно ниво.

Верски објекти[уреди | уреди извор]

Скопска бискупија
Апостолски егзархат

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „MAKEDONSKI KATOLICI - MALOBROJNA, ALI ŽIVA I KOMPAKTNA ZAJEDNICA“ (на хрватски). Katolički tjednik. http://www.katolicki-tjednik.com/vijest.asp?n_UID=34. посет. 4 октомври 2010 г. 
  2. Dimevski, Slavko (1988) (на македонски). Makedonskata borba za crkovna i nacionalna samostojnost vo XIX vek: unijatskoto dviženje. Naša kniga. 
  3. 3,0 3,1 3,2 „U Makedoniji tri nove katoličke crkve“ (на хрватски). Dalje. 10 декември 2007. http://dalje.com/hr-svijet/u-makedoniji-tri-nove-katolicke-crkve/105354. посет. 4 октомври 2010 г. 
  4. Се гради католичка црква во Штип“, Дневник, понеделник, 01 јуни 2009 (посет. 4 октомври 2010 г). (на македонски)
  5. Осветена новоизградената католичка црква во Секирник“, Утрински Весник, понеделник, 10 декември 2007 (посет. 4 октомври 2010 г). (на македонски)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]