Општина Аеродром

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром

Map of Aerodrom Municipality, Macedonia.svg

Знаме на Општина Аеродром Грб на Општина Аеродром
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Град Скопје
Површина 21,85 км²
Демографија
Население 98.382 жители
Густина на население 3.295,61 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Ивица Коневски
Совет 27 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште бул. Јане Сандански бр. 109 Б, 1000 Скопје
Телефон +389 2 2400-970
Факс +389 2 2401 546
Портал Службен портал
Е-пошта е-пошта
Карта на општина Аеродром со катастарските општини (селските атари).

Општина Аеродром е скопска општина. Формирана е согласно Законот за територијална поделба од август 2004 година на 12 април 2005 година, кога за првпат е одржана седница на Советот на општината.[1] Претходно, територијата на Општина Аеродром била во рамките на Општина Кисела Вода.

Име на општината[уреди | уреди извор]

Името на Oпштината е добиено по воениот аеродром (кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев”), кој бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941 година.

Како најново и најсовремено превозно средство, авионите последни биле вклучени во сообраќајот во Скопје. Аеродромот бил наречен „Скопје”, а се наоѓал сосем на крајот од градот, кај денешната населба „Аеродром“.

Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот „Потез-29”, а превезувал 5 патници.

Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда на време. Авионите поаѓале од Скопје во 07:00 часот наутро.

Прв пилот бил М. Јерошенко

Есента во 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи на Зајчев рид и во стариот Аеродром. Покана од аеродромот „Скопје“ до Скопското научно друштво за прослава на славата Св. Илија во 1938 годинаПосетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион. Како куриозитет старите скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.

Во 1937 година, во договор со авионското друштво „Аеропут” и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и со странство. Со оваа линија стигнувал и весникот „Правда” од Белград.

Од 1924 до 1931 година се одржувале фудбалски натпревари помеѓу маалата. Клубот „Славија” бил формиран од трите спортски клубови „Југ”, „Победа” и „Славија”, кои настапувале под името Железнички клуб „Славија” ЖКС.

Географиja[уреди | уреди извор]

Трговскиот центар „Бисер“ во Општина Аеродром
Погед на висококатниците во Аеродром

Граници: од мостот на железничката пруга на реката Вардар – тромеѓе на Општина Аеродром, Центар и Гази Баба и се движи долж Транспортен центар „Скопје”, железничката пруга во правец кон Велес до мостот Маркова река, продолжува по надворешната граница на катастарска општина Долно Лисиче до реката Вардар и свртува спротивно до мостот на железничката пруга на реката Вардар.

Територија: 20 км²; урбан дел 10,4 км² или 60%; рурално земјиште 9,6 км² или 40%.

Економија[уреди | уреди извор]

Број на фирми:

  • 6.788 регистрирани деловни субјекти со пријавени работници (податокот е од Агенција за вработување)

Демографија[уреди | уреди извор]

Вкупен број на население: 98.382 жители.[се бара извор]

Пол:

Националност:

Графички дел од деталниот урбанистички план за Урбана Зона А од населбата Ново Лисиче во општина Аеродром. Со различните бои се претставени различните зони, и во табелата од десната страна се наведени сите елементи од планот.

Образование (за лица над 15 години):

(невработени 13.000; 10% ВСС); домаќинства 21.495; станови (живеалишта) 23.754[се бара извор]

Спроед податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Аеродром во 2011 се зголемил за 9.9% во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Аеродром е прва општина по зголемувањето на вкупниот број на ученици.[2]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Совет на Општина Аеродром во периодот од 2013-2017:
  СДСМ (10)

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Познатата детска улица во Ново Лисиче

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]