Долно Лисиче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Лисиче
Dolno-Lisiche-MKD.jpg

Поглед на дел од селото Долно Лисиче

Долно Лисиче во рамките на Македонија
Долно Лисиче
Местоположба на Долно Лисиче во Македонија
Долно Лисиче на интерактивна карта

Координати 41°57′26″N 21°32′15″E / 41.95722° СГШ; 21.53750° ИГД / 41.95722; 21.53750Координати: 41°57′26″N 21°32′15″E / 41.95722° СГШ; 21.53750° ИГД / 41.95722; 21.53750
Општина Аеродром
Население 2.667 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25039, 25539
Долно Лисиче на општинската карта
Долно Лисиче во Општина Аеродром.svg

Атарот на Долно Лисиче во рамките на општината
Commons-logo.svg Долно Лисиче на Ризницата
Поглед на дел од селото Долно Лисиче

Долно Лисиче — село во Општина Аеродром, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Аеродром и практично е приградска населба на Скопје. Расположено е на десниот брег на реката Вардар на 4 км. југоисточно од вливот на Маркова Река во Вардар. Граничи со населените места Подстаница и Драчево на југ, Горно Лисиче на запад и Јурумлери на север и воедно на спротивниот лев брег на Вардар.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото за првпат се споменува во римските повелби од XII век, но не е сигурно дали тогаш претставувало една населба со Горно Лисиче. Географот и етнолог Јован Трифуноски во книгата „Слив на Маркова Река“ (српски: „Слив Маркове Реке“), дава податоци според кажувањата на селаните. Некаде на почетокот на XVIII век селото страдало од колера. После ова има доселувања од другите предели на Македонија и тоа Овче Поле, Врање и селата под Китка. Во османлискиот период селото било чивчиско со околу 30-тина куќи. Во нив православните Македонци живееле во семејства од по 20-на луѓе. Имало и три османлиски кули кои биле растурени по Балканските војни. До тоа време селото немало вистинска црква туку само мала градба од плетер. Малата црква „Св. Троица“ била срушена во 1980-тите години, а во 1991 година, нејзино место бил изграден нов храм. Во селото има масовно доселување помеѓу 1970-2006 кое уште трае и тоа главно од селата на реката Бабуна, Крива Паланка и Босилеград.

Во XIX век, селото било дел од Скопската каза, во Отоманското Царство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 2.440 жители, од кои 2.378 Македонци, 1 Влав, 47 Срби и 14 останати. Следува табела на народносната структура на населението[2]

Народност Вкупно
Македонци 2.378
Албанци 0
Турци 0
РомиРоми 0
Власи 1
Срби 47
Бошњаци 0
Други 14

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Долно Лисиче има 2.627 жители. Се состоело од 869 домаќинства и 922 станови.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 2.481
Албанци 1
Турци 0
Роми 0
Власи 1
Срби 30
Бошњаци 0
Други 114

Родови[уреди | уреди извор]

Во Долно Лисиче живеат следните македонски православни родови: Еровци, Миленковци, Неслатковци, Пупунчевци (сите старинци), Мусјаковци (од „планините“ од Алдинци или Палиград во изворишниот дел на Кадина Река), Чваровци (од Варвара), Ѓоковци (од с. Зркле во Поречје), Голубовци и Боргиовци (двата рода од Овче Поле), Ашиковци и Кечовци (од Драчево), Трабиновци (од Ракотинци), Малезановци (од Добри Дол), Дојранци (од Дојран)[3].

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Единствен спортски клуб во ова село е ФК Победа основан во далечната 1976 година од група ентузијасти. Клубот поседува свое тревнато игралиште со свое име ,,Купишта,,.Веќе 20 години низ школата на овој клуб поминале над 200 фудбалери од кои многумина ја продолжиле својата кариера во други Македонски клубови. Од многуте имиња на тренерската клупа треба да се одбележи името на прославениот Вардаров Ас Лазо Мојсов. Клубот успешно настапува во Меѓурегионалнaта лига. Поранешното име на ФК Победа било Аждер кој постоел уште пред 1950 година (може и постар).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.103 - 104

Надворешни врски[уреди | уреди извор]