Аеродром (населба во Скопје)
Аеродром — населба во Општина Аеродром, во состав на градот Скопје. Населбата порано припаѓала кон Општина Кисела Вода, но со законот за новата територијална поделба во август 2004 г. е создадена новата истоимена општина и населбата потпаднала кон новоформираната општина, формирана на 12 април 2005 кога за првпат била одржана седница на Советот на општината.
Географија[уреди | уреди извор]
Населбата граничи со населбите Мичурин и Острово на запад, Јане Сандански на север, Ново Лисиче, Реонски Центар и Лисиче на исток.
Историја[уреди | уреди извор]
Населбата го добила своето име по стариот аеродром „Скопје“ основан во 1920-тите, кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев“. Аеродромот бил бомбардиран од страна на нацистичка Германија во април 1941. Првиот патнички авион слетал на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот „Потез-29“ од француско производство и превезувал 5 патници.
Демографија[уреди | уреди извор]
Во населбата Аеродром живеат 72.009 жители од кои 96% се Македонци, 2% Срби и 2% други националности како Роми, Турци и Власи.[1]
Образовни центри[уреди | уреди извор]
Средни училишта[уреди | уреди извор]
Основни училишта[уреди | уреди извор]
Цркви[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Илија“ - изградена во 1997 година;
- Црква „Св. Петка“ - црква-параклис;
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
„Аеродром (населба во Скопје)“ на Ризницата ? |
- ↑ Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.
|