Ново Лисиче
Ново Лисиче — високоурбанизирана населба во источниот дел на градот Скопје, на 5 км одалеченост од центарот на Скопје, и се наоѓа на десниот (јужниот) брег на реката Вардар. На исток Ново Лисиче се граничи со Горно Лисиче, на запад со населбата Јане Сандански и Аеродром, на југ со Реонски Центар, а на север се допира до брегот на Вардар. Во Ново Лисиче се наоѓа едно од најголемите училишта во Македонија ОУ „Лазо Ангеловски“ - Аеродром.
Сообраќај, инфраструктура и местоположба на Ново Лисиче[уреди | уреди извор]
Како поодалечена населба од центарот на градот, а со голем број на станбени згради и жители, кон Ново Лисиче водат многу автобуси како 3, 3А, 3Б, 15,15А, 5 (чија последна станица е Ново Лисиче), додека автобусот 23 го обиколува цело Ново Лисиче бидејќи населбата има форма на квадрат[1]. Со Центар и западниот дел на Скопје (Карпош, Ѓорче Петров) е поврзана со булеварот Јане Сандански кој преку населбите Аеродром и Јане Сандански оди кон Центар, а кон Маџари, Автокоманда и Индустриската зона води мостот „Тодор Александров“.
Во Ново Лисиче водат два главни булевари, и тоа „АСНОМ“ и „Видое Смилевски-Бато“. Булеварот „АСНОМ“ преминува во „АВНОЈ“ во населбата Јане Сандански, а В.С. Бато преминува во булеварот Јане Сандански. Двата главни булевара се разгрануваат во многу улички и паркинзи кои ја сочинуваат патната инфраструктура на Ново Лисиче.
Население и структура на население[уреди | уреди извор]
Ново Лисиче е урбана населба составена исклучиво од станбени згради со оглед на тоа има голем број на жители, младо население и разни демографски движења. Според некои проценки и пописни списоци за Скопје, Ново Лисиче има околу 17.200 жители од кои 97,5% се Македонци, 1% Срби, 0,5% Албанци и 1% други. Младо население во Ново Лисиче има од 32-34%, наталитетот е со средна големина (исто како во Капиштец), а миграционите движења се сѐ уште големи како внатрешните од други скопски населби така и од другите делови на Македонија многу луѓе се доселуваат и отселуваат од Ново Лисиче. Вработеноста е околу 81%, а писменоста на населението околу 94,8%.
Историја на Ново Лисиче[уреди | уреди извор]
Населбата Ново Лисиче е изградена во годините 1985-1990. На местото на денешната населба (зградите) се наоѓала најплодната алувијална рамнина во Скопската Котлина, на која наместо пченица никнале згради. Населени места имало во близината, а тоа се Горно Лисиче и Населба Лисиче.
Потекло на името Ново Лисиче[уреди | уреди извор]
За потеклото на името Ново Лисиче не постои некоја посебна легенда, туку поради близината со Горно Лисиче и населбата Лисиче му е дадено името Лисиче со додавката Ново, бидејќи е ново и помладо.
- Цркви
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - прва црква во населбата, заштитничка на кулите 39, 41 и 43;[2]
- Црква „Св. Јован Крстител“ - црква од поново време, дел од комплексот парк „Аеродром“;[3]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

На 28 август 2010 година во населбата Ново Лисиче, свечено била пуштена во употреба меморијалната фонтана со ликот на Тоше Проески. Фонтаната се наоѓа на Детската улица и е изработена од мермер со кружна форма, со дијаметар од седум метри. Централниот дел е со квадратен облик, висок 1,45 метри, каде е поставена слика од Тоше. Фонтаната и околниот дел е осветлен со канделабри и неонски светилки, хортикултурно е уреден со зеленило и клупи. „Фонтаната била пуштена на еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица. Ова претставува едно од најубавите места во нашата држава и за сите почитувачи на ликот и делото на Тоше, кои ќе можат да дојдат тука и да се потсетат на него[4].
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Секоја година се одржува натпревар во мал фудбал на Спортскиот Центар - Ново Лисиче[5].
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Од 20 до 29 јуни 2016 година се одржало третото издание на Меѓународениот фестивал на комедијата „Гола месечина“[6].
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- ↑ „Нова автобуска линија 15 А на релацијата Ново Лисиче - Карпош 4“. Daily.MK - Вести. Посетено на 2017-09-10.
- ↑ „Ново Лисиче го доби првиот православен храм“. Дневник. Посетено на 2012-01-11.
- ↑ Црковен храм Св. Јован Крстител - монографија
- ↑ „Пуштена фонтаната со ликот на Тоше Проески“. Daily.MK - Вести. Посетено на 2017-09-11.
- ↑ „Турнир во мал фудбал „Скопје 2016"“. Република Online. 2016-09-01. Посетено на 2017-09-11.
- ↑ „Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина" во Ново Лисиче“. Радио МОФ (англиски). 2016-06-15. Посетено на 2017-09-11.