Пинтија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на населбата Пинтија од манастирот „Св. Еремија“
Подрачјето на Пинтија во рамките на Општина Кисела Вода.

Пинтија — населба во рамките на Општина Кисела Вода, односно е приградска населба на градот Скопје. Се наоѓа на 9 километри југоисточно од центарот на Скопје, помеѓу Драчево и Усје од десната страна на булеварот „Борис Трајковски“.

Населбата Пинтија е основана во поново време, односно кон крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите години, како населба во која живееле работниците од околните фабрики - гиганти. Во непосредната близина на Пинтија се фабриките „ОХИС“, Стакларница, Цементарница, а во поново време многу фирми и погони како на местото на пропаднатите фабрики така и новоизградени. Во населбата живеат околу 3.000 жители, исклучиво Македонци, доселени од Прилепско, Порече и други области во Македонија. Покрај работењето во околните фабрики и погони, дел од населението се занимава претежно со овоштарство и лозарство, а во многу мал обем е и градинарството, пред сè за домашни потреби.

На ридот над населбата постои црквата (манастирот) „Свети Пророк Еремија“.

Образование[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Уши — археолошко наоѓалиште во населбата, гробница од доцноантичко време