Водно (населба)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Водно
Vodnjanska s krova06727.JPG

Поглед на улицата кон населбата Водно

Водно се наоѓа во Republic of Macedonia
Водно
Местоположба на Водно во Македонија
Координати 41°59′23″ СГШ 21°24′48″ ИГД / 
Регион Скопски
Општина Центар
Област Скопско Поле
Надм. вис. 278 м
Commons-logo.svg Водно на Ризницата

Водно — скопска населба во Општина Центар, на падините на планината Водно. Настаната е во времето на урбанизацијата на Скопје со спојување на двете села Горно и Долно Водно.[1] Денес таа е високоурбанизирана и елитна населба, која е густо населена со многубројните згради во погорниот дел на наслебата. Таа се граничи со населбите Црниче и Пржино од Општина Кисела Вода. Во населбата Водно живеат повеќе од 500 домаќинства.

Географија[уреди | уреди извор]

Населбата Водно зафаќа површина од 1.59 км2 и густина на населеност од 2.498 жит./км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Преизградба на Водно 1964 г.

На крајто на XIX век Водно било македонско село во Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горно Водно имало 120, а Долно Водно 140 Македонци христијани.[2][3]

На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Водно живееле 160 Македонци, а во Долно Водно 160 Македонци и 6 Роми.[2][4]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена Горно и Долно Водно (Vodno) се покажани како македонски хирстијански села.[2][5]

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев ги завел Горно и Долно Водно како македонски села.[2][6]

Урбанизација[уреди | уреди извор]

Населбата Водно во последните децении била составена и од повеќе села, а во населбите имало само куќи и ниски згради, но подоцна населбата целосно се урбанизирала.

Демографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, с.205
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, с.205
  4. Brancoff, D.M. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, р.116 – 117.
  5. Leonhard Schultze Jena. „Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder“, Jena, G. Fischer, 1927
  6. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.