Ќерамидница
Ќерамидница — населба се наоѓа во Општина Гази Баба во Скопје. Претставува една од најстарите населби во Скопје, со најстарите фамилии во неа кои и ден денес опстојуваат (Пљачковци, Гудумановци и други), но има и доселеници кои се доселувале од сите страни на Македонија по земјотресот во 1963 година.
Населбата Ќерамидница настанала од доселеници од Велешките села (пред сè околу Богомила, т.е. областа Азот) и градот Велес. На ова место живеалишта имало од многу поодамна, но доселениците од Велес се претпоставува дека се дојдени на почетокот на XX век. Населбата има околу 3.000 жители од кои околу 89% Македонци, а останатите се Роми кои живеат во дива населба од картонски и најлонски куќарки на самиот кеј на реката Вардар.
Меѓу младите жители од Ќерамидница и Автокоманда постои соперништво, кое особено било изразено во годините пред Скопскиот земјотрес од 1963 г.
Местоположба и објекти[уреди | уреди извор]
Ќерамидница се наоѓа во Општина Гази Баба и тоа на јужниот дел каде што завршува територијата на општината и почнува Општина Аеродром, со реката Вардар како погранична линија. На северниот дел таа се граничи со Автокоманда и булеварот „Александар Македонски“ како погранична линија. На источната страна се граничи со Триангла и Кланица, а на западната страна со Општина Центар, поточно, населбата Крњево.
Две третини од површината на Ќерамидница е индустриска зона. Таа ги опфаќа следниве фабрики: „Европа“ - фабрика за чоколади, „Пивара“, „Жито лукс“ - иако веќе не работи, „Политехна“ и други, како и Јавното Сообраќајно претпријатие - Скопје, Противпожарна служба - Скопје и други.
Како угостителски објект се смета Хотелот „Континентал“ и секоја година по неколкупати се случуваат панаѓури на Скопскиот Саем.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|