Александрија (скопска населба)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александријаскопска населба, една од најновите, позната по тоа што е првата еко населба во Скопје и Македонија.[1] Населбата се наоѓа во Општината Ѓорче Петров веднаш наспроти Порта Влае и новиот кружен тек и има површина 150.000 м2. Првично кога бил направен проектот, населбата немала уште име, па фирмата Карпош која ја гради разпишала конкурс за идејно решение за име. Името Александрија се јавило повеќе од 30 пати, при што сите кои го дале тоа име биле учесници во наградна игра. Првоизвлечениот добил стан во истата населба.[2] Населбата е инфраструктурно поврзана со центарот на градот, кој е оддалечен само 5 километри, со веќе проектиран нов булевар. Објектите се вклопени на простор на кој има здравствена, трговска и социјална инфраструктура. Трговски центри, игралишта, бензински пумпи, здравстевна установа се само дел од содржините кои ја карактеризираат оваа еко-урбана населба. Најголем дел од објектитесе наменети за колективно живеење и за секоја е предвидена зелена површина.

Наводи[уреди | уреди извор]