Тафталиџе

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тафталиџе II)
Прејди на: содржини, барај
Земјотресот во Скопје од 1963 година: Три станбени кули во Тафталиџе, подарок од народот и владата на Романија, 1965
Поглед кон станбените објекти, донација од Чехословачка, Тафталиџе
Свечено предавање во употреба на бараките во Тафталиџе кои се подарок од Италија (18 мај 1964)

Тафталиџе е градска населба на Скопје, која се наоѓа на јужната страна од градот во близина на планината Водно. Населбата е целосно урбанизирана. Нацелбата се состои од два дела: Тафталиџе I и Тафталиџе II. Тафталиџе I било некогашното село Тафталиџе, а Тафталиџе II е во атарот на некогашното село Долно Нерези, кое денес е посебна населба која понекогаш се смета за дел од пошироко Тафталиџе.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Тафталиџе е дел од Општината Карпош и се наоѓа во југозападниот дел на градот на исток ограден од улица Московска, која го дели од Долно Нерези на југ од булеварот „Партизански одреди“, кој го дели од Карпош III, на запад од улица „Октомвриска револуција“, која го дели од Карпош и на север од булевар „Македонија“, кој го дели од Козле и Трнодол.

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата Тафталиџе името го добива од турскиот збор тахталиџе, што во превод значи маало со дрвени куќи. Ова име го добива бидејќи долго време просторот на денешната населбата Тафталиџе била една голема ливада и имало само по некоја дрвена куќа. Откако Турците го зазеле Скопје, земјиштето на денешно Тафталиџе било во сопственост на едно од најпознатите и најугледни турски семејства Хаџи Гали-бегови. Според легендата, семејството Хаџи Гали-бегови за време на Австро-турската војна 1683 - 1689 му биле десна рака на турскиот султан, и затоа, во знак на благодарност, им подарил голем имот во Скопје. Семејството Хаџи Гали важело за најбогато семејство во Скопје и, покрај Тафталиџе, во нивна сопственост биле уште пет други села. Хаџи Гали-бегови на својот огромен имот во Тафталиџе не одгледувале никакви култури туку целото земјиште било зелена ливада. Семејството ливадата ја оставило за себап на душата, да се шета по неа и турско и каурско. На целата ливада бегот изградил само неколку дрвени куќарки.

И откако Скопје било ослободено од Турците и земјиштето не било ничија сопственост, Тафталиџе важело за излетничко место. На ливадата скопјани се собирале поради чистиот воздух и убавата природа и затоа ова излетничко место кај граѓаните било познато како воздушна бања[1]. Десетина години по Втората светска војна, кога Скопје почнало масовно да се населува, куќи почнале да се градат и во овој дел од градот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Janakije Popović, Tahtailixe, " Južni pregled", br. 3, Skoplje 1931, 118