Злокуќани (населба во Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оваа статија се однесува на населбата во Скопје. За други значења видете Злокуќани (појаснување)
Злокуќани
Zlokukjani view from Zajcev Rid.JPG

Панорамски поглед на Злокуќани и градот Скопје од јужните падини на Зајчев Рид

Злокуќани is located in Македонија
Злокуќани
Местоположба на Злокуќани во Македонија
Координати 42°1′36″N 21°22′33″E / 42.02667° СГШ; 21.37583° ИГД / 42.02667; 21.37583Координати: 42°1′36″N 21°22′33″E / 42.02667° СГШ; 21.37583° ИГД / 42.02667; 21.37583
Општина Општина Карпош
Население 1635 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 280 м
Commons-logo.svg Злокуќани на Ризницата

Злокуќани е село во Општина Карпош, кое територијално е споено со градот Скопје, со што постанува со тек на времето населба на градот. Се наоѓа на надморска височина од 280 метри, и има 1.635 жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото Злокуќани од кејот на реката Вардар

Злокуќани се наоѓа во северозападниот дел на Скопската Котлина во подножјето на Зајчев Рид и е оддалечено шест километри од центарот на Скопје. Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 270 метри. Злокуќани е во непосредна близина на утоката на реката Лепенец во Вардар, од нејзината лева страна.

Историja[уреди | уреди извор]

Панорамски поглед на Злокуќани и градот Скопје од јужните падини на Зајчев Рид

Токму на местото на Злокуќани се наоѓаат најголемиот дел од ископините на античкиот град Скупи. Веднаш на почетокот на селото се наоѓа и локалитетот со остатокот од античкиот пат кој минувал тука, ранохристијанската базилика, амфитеатарот и др.

За потеклото на името Злокуќани се поврзува со легендата за Злите Куќи односно „Зли Куќи“. Во минатото во раниот период на османлиското царство луѓето кои сакале на ова место да изградат свои куќи при ископот за поставување на темелите често наоѓале коски и костури, остатоци од антички гробници, разни плочи со натписи и предмети од некогашниот антички град Скупи. Поради пронаоѓањето на овие предмети и особено на коските и костурите ова место било завикано „Зли Куќи“, а подоцна од тоа име селото го добило своето денешно име Злокуќани.

Економија[уреди | уреди извор]

Поради тоа што во Злокуќани последниве години се изградени луксузни куќи и комплекси на куќи на познатите скопски бизнисмени, јавни личности и политичари економската структура на населението на Злокуќани е драстично променета. Меѓутоа голем дел староседелското население се занимава со земјоделие. Во Злокуќани највеќе се одгледува зелката, по која е и препознатливо селото. Покрај зелката застапени се и репката, цвеклото и пченицата. Во Злокуќани работат и доста автомеханичарски сервиси.

Демографија[уреди | уреди извор]

Злокуќани има 1.635 жители, од кои:

Последниве години Злокуќани доживува огромен пораст на своето население, пред се поради тоа што во Злокуќани се населуваат познатите скопски бизнисмени, јавни личности и политичари.

Родови[уреди | уреди извор]

Злокуќани e мешано село.

Според истражувањата од 1952 година, родови во Злокуќани се:

  • Македонци: Букларовци (4 к.) доселени се од Ракотинци или Сопиште, не знаат точно од кое од овие две села се дојдени, најпрво се иселиле во селото Шишево, па во Злокуќани. Ја знаат следната генеологија Благоја (жив на 37 год. во 1952 година) Велко-Трпче, основачот на родот кој се доселил, во Злокуќани се познати и како Павловци; Трајковци (1 к.) доселени се од сега населбата Сарајско Оризари; Јаневци (1 к.) доселени се од Инџиково; Стојковци (3 к.) доселени се од селото Булачани, таму припаѓале на родот Лукаровци; Анѓеловци или Весковци (2 к.) по потекло се од селото Петровец, од таму се иселиле во Рокомија, и во 1907 година се доселиле во селото Злокуќани, има предание дека потекнуваат од предок православен Ром; Колиовци или Велковци (2 к.) по потекло се од велешко. Од каде отишле прво во селото Шишево, па од Шишево преминале во Сарај, таму пет (5) браќа живееле 40 години, потоа двајца (2) браќа останале во селото Сарај (род Велковци 3 к.) додека останатите дошле во селото Злокуќани во 1908 година; Аврамовци (1 к.) доселени се од селото Беличица во Горна Река; Ливринци (1 к.) доселени се од селото Чучер Сандево во 1946.
  • Роми: Мамутовци (2 к.), Демировци (3 к.), Рамче (1 к.), Балтовци (3 к.), Османовци (2 к.), Јашаровци (2 к.), Лимановци (1 к.), Бектешовци (1 к.), Ибраимовци (1 к.) и Сулејмановци (1 к.) помеѓу овие родови некои се стари во селото, други се доселени од околните села, а трети се доселени од поедини краеви во Косово и Метохија. Последните два рода се доселени од Косово и Метохија, и тие се албанизирани.
  • Албанци: Шаќировци (1 к.) овде се доселени од тетовското село Требош во 1946 година, таму се доселени од селото Жеровјане, а таму од фисот Красниќи во северна Албанија.
  • Турци: Кадри (1 к.) доселен овде од времето на Втората светска војна од Прешево (Србија).[1]


Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во минатото постоел ФК Скупи од селото.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


  1. Трифуноски, Јован (1955). Скопско Поле.