5 (скопска автобуска линија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Линија 5
Преглед
ПревозникЈСП Скопје
Тип на линијаградска
ВозилаЈутунг (двок.)
Состојбасообраќа
Бр. на постојки34
Ноќнаиста
Траса
ГрадСкопје
ПочетокНово Лисиче, Општина Аеродром
КрајДексион, Општина Ѓорче Петров
Времетраење на кругот60-90 мин.
Сообраќање
Честота10-20 мин.
Честота (викенди)исто
Дневни часови05:00 - 24:00
Ноќни часови0:15 - 04:00
Билет25/30 ден.
Возен ред и податоци
Возен ред на линијата 5 со календар

Линија 5 — редовна дневна и ноќна автобуска линија во Скопје, управувана од претпријатието ЈСП Скопје. Оваа автобуска линија сообраќа од населбата Ново Лисиче во Аеродром до населбата Дексион во Ѓорче Петров и обратно, минува низ 34 автобуски постојки, должината е 14,2 километри и е во времетраење од околу 90 минути.

Траса[уреди | уреди извор]

Линијата почнува во близина на паркот Лисиче во Ново Лисиче. Продолжува по булеварите „Февруарски поход“ и „В. С. Бато“, го заобиколува Ново Лисиче и продолжува кон населбите Јане Сандански и Аеродром по булеварот „Јане Сандански“. Застанува кај трговските центри Бисер и Капитол и продолжува кон населбата Острово каде застанува кај трговскиот центар Скопјанка.

Линијата продолжува по булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, проаѓа под Железничката станица и Народна банка на Македонија и продолжува кон булеварот „Кочо Рацин“. Од таму врти кон градската болница и низ ул. „Димитрие Чуповски“ минува низ Рекорд. Од таму се приклучува на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и минува низ населбите Капиштец, Тафталиџе 1 и 2 и Козле. По улицата „Војвода Васил Чакаларов“ го проаѓа Железниот мост и преминува на другата страна на реката Вардар и поминува низ населбата Влае.


На кружниот тек кај Порта Влае се приклучува на улицата „Ѓорче Петров“ и продолжува по истата сè до улицата „Кузман Шапкарев“ во Дексион каде се наоѓа нејзиниот терминус.