Градска болница (Скопје)
Градска болница | |
---|---|
Историска разгледница од Градската болница во 1930 година | |
Поранешни називи | Завод за социјално осигурување на работниците |
ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ | |
Општи податоци | |
Место | Скопје, Македонија |
Адреса | агол на бул. 11 Октомври и ул. Филип Втори Македонски |
Координати | 41°59′33″N 21°26′3″E / 41.99250° СГШ; 21.43417° ИГД |
Почната | 1933 |
Завршена | 1934 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Драго Иблер |
Градска болница (Скопје) (првично име: Завод за социјално осигурување на работници; денешно име: ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“) — градба во средиштето на Скопје, во непосредна близина на Собранието на Македонија.
Изградбата на објектот започнала во 1931 година дело на хрватскиот архитект Драго Иблер.[1]
Проектирање
[уреди | уреди извор]Објектот бил предвиден со Генералниот урбанистички план од 1929 година, во времето на градскиот татко Јосиф Михајловиќ - Јурукоски. Сместен на новопроектираниот плоштад „Слобода“, на кој биле планирани да бидат сите поважни републички институции, организирани со средишното парковско зеленило, паркот Парк „Жена-борец“.
Градба
[уреди | уреди извор]Делото на Иблер е третиот и последен јавно изведен објект од неговото творештво. Се одликува со основна геометриска форма, ослободена од непотребни детали. Освен чистата архитектура, на објектот се применети современи конструктивни материјали и се применети функционалните и рационалните размислувања за неговото организирање.
Објектот има ортогонална основа добиена од еден правоаголен дел 56,5/40 метри и еден квадратен од 17,5 метри. Кон западната страна ослобен е дел од приземјето во улога на трем.
По вертикала објектот има подрум, приземје и три ката. Обликувањето на фасадата е со хоризонтални потези, создадени од прозорите, без декоративен пристап и исчистена мисла. Во средиштето на објектот е формиран атриум, кој го подобрува осветлувањето проветрувањето.
Заштита
[уреди | уреди извор]Објектот на Градската болница долго време бил под заштита на Конзерваторскиот центар од Скопје како градителско наследство (со акт од 1996 година).
Меѓутоа, веќе во 2009 година се намалува нивото на заштита со цел доградување и менување на објектот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „„Градска болница" Скопје / Драго Иблер и Драго Галич 1934“. МАРХ. 19 септември 2015. Посетено на 24 мај 2017.