МАРХ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
МАРХ
Лого-МАРХ2-.png
АдресаПромоција на македонската архитектура
Достапно намакедонски
СопственикФилип Конески
СоздавачФилип Конески
Мрежно местоmarh.mk
Пуштено24 ноември 2014; пред 4 години (2014-11-24)
Тековна состојбаактивен

МАРХ — мрежен портал посветен на промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност, преку минатите и денешните реализации, проекти, концепти, идеи.

Почетоци[уреди | уреди извор]

Официјално страницата е промовирана и пуштена во сообраќај за пошироката јавност на 24 ноември 2014 година. Започнува со 10 категории, хронолошки обидувајќи се да ги селектира објавите низ периоди и пресеци. Запознавањето на домашната јавност со сопствената архитектонска сцена е предизвикот на страницата. МАРХ предизвика внимание, бидејќи е единствен концепт на страна која се бави единствено со домашната архитектонска сцена, презентирајќи ги оригинално проектите, оставајќи им простор на архитектите сами да одлучат како ќе го презентираат проектот. На тој начин создава архива на оригинални мисли, без непотребна продукција.

Екипа[уреди | уреди извор]

Во почетоците интернет страницата МАРХ е водена од основачот Филип Конески, за по некое време да му се придружат Борис Јурмовски и Мартин Ефремовски. Со зголемувањето на содржината се јавува потреба од млади соработници студенти и се распишува конкурс за соработници. Пријавени се поголем број студенти од државните и приватните факултети, при што се избираат петорица. Избраните соработници се: Софија Стојаноска, Моника Крстевска, Ноеми Чаусидис, Антонио Груевски и Љубен Трајаноски.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]