Драго Иблер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драго Иблер
Роден(а)14 август 1894
Загреб, Австро-Унгарија
Починал(а)12 септември 1964
Ново Место, Словенија
НационалностХрват
Зданија
  • Дрвен облакодер (Загреп)
  • Окружен уред за осигурување на работниците (денешна Градска болница - Скопје)

Драго Иблер (хрватски: Drago Ibler; 14 август 1894 во Загреб12 септември 1964 во Ново Место) — хрватски архитект, универзитетски професор и архитектонски теоретичар.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Дрвен облакодер на Драго Иблер во Загреб од 1958 година
Историска фотографија од Градската болница во Скопје од 1930 година

Дипломирал на Високата техничка школа во Дрезден во 1921 година. По 1921 година, заминал во Париз и се приклучил на групата архитекти од кругот на Ле Корбизје и списанието „Нов дух“ (L'Esprit Nouveau), а подоцна ги продолжил студиите на Државната уметничка академија во Берлин (1922-1924) и работел во ателјето на германскиот архитект Ханс Пелциг.[2]

По студиите и усовршувањето, Иблер ја проектирал зградата на Заводот за осигурување на работници (1923), прв проект на модерна функционалистичка архитектура во тогашниот Загреб и Кралството Југославија. Потоа со загрепските колеги и истомисленици (Драго Галиќ, Младем Каузлариќ, Стјепан Планиќ и други) работел на основањето на т.н. Загрепска школа, неформална група на архитекти, застапници на модернистичкиот правец во архитектура, кои сакале радикално да прекинат со сите непотребни традиционални работи (украси, фасади).

Неговиот социјален и општествен ангажман, го довел со раководната позиција на „Групата на Земјата“, која ја основал со истомислениците во 1929 година во Загреб. Во исто време Иблер работел како архитект на бројни конкурси, ама не успевал, бидејќи во повеќето случаи бил одбиван. Еден дел од одбиените работи биле поради конзервативната средина, која не можела да ги прифати новите модернистички (и пуристички) сфаќања на архитектонски убавини, а дел и поради очигледното лево политичко сфаќање, кое се гледало од јавните настапи на „Групата на Земјата“. Но, Иблер не бил без приходи, остварил проекти за бројни помали приватни вили во Загреб, Корчула, неколку индустриски објекти и зградата на Окружниот уред за осигурување во Скопје (1932.), во која по прв пат употребил некои нови идеи на Ле Корбизје, помеѓу кои и неговите лентовидни прозорци.

Од 1926 година, Иблер работел како професор на Загрепската академија за ликовни уметности, на основаниот оддел за архитектура, кој работел до 1941 година. После тоа, Иблер работел на Женевскиот универзитет како професор за архитектура. По завршувањето на Втората светска војна се вратил во Загреб и повторно работел на академијата. По војната ги ублажил своите радикални и пуристички сфаќање за чистотата на модерната архитектура, така што неговите повоени дела имаат и чисто декоративни или скулптурални додатоци. Работел многу, ама многу од тоа останало само на хартија како проектот за Белградската опера (1948), зградата на југословенската амбасада во Москва (1959), Титовата загрепска резиденција (1961-1964). Покрај неостварените, имало многу остварени проекти како станбени згради во Загреп. Меѓу нив е неговиот „Дрвен облакодер“ (1958).

Загинал во сообраќајна несреќа во 1964 година кај Ново Место.

Значајни дела[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Драго Иблер“. Хрватски биографски лексикон. конс. 24 мај 2017. 
  2. Константиновски, Георги (2001). Градителите во Македонија XVIII-XX век. Скопје: Табернакул. стр. 40. ISBN 9989-647-88-7.