Долно Нерези

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Нерези

Поглед кон населбата

Долно Нерези во рамките на Македонија
Долно Нерези
Местоположба на Долно Нерези во Македонија
Долно Нерези на карта

Карта

Координати 41°59′51″N 21°22′43″E / 41.99750° СГШ; 21.37861° ИГД / 41.99750; 21.37861Координати: 41°59′51″N 21°22′43″E / 41.99750° СГШ; 21.37861° ИГД / 41.99750; 21.37861
Регион  Скопски
Општина  Карпош
Област Каршијак
Пошт. бр. 1020
Шифра на КО 25050
Надм. вис. 272 м
Долно Нерези на општинската карта
Податотека:Долно Нерези во Општина Каропш.svg

Атарот на Долно Нерези во рамките на општината
Долно Нерези на Ризницата
Станбени објекти во Долно Нерези, 1964 г., подарок од Норвешка по скопскиот земјотрес.

Долно Нерезископска населба во западниот дел на Општина Карпош. На југ се граничи со планината Водно, на исток со населбите Жданец, Козле и Тафталиџе 2, на север со Карпош 4, додека на запад со реката Вардар, односно населбите Хром и Влае.

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Долно Нерези било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Нерези (Горно, Долно и Средно) живееле 260 Македонци христијани и 300 Арнаути муслимани.[1][2]

На почетокот на XX век целото христијанско населени на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во Нерези имало 288 Македонци под егзархијата.[1][3]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Нерези како мешано македонско-албанско село.[4]

Опшествени установи[уреди | уреди извор]

Културни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Долно Нерези — археолошко наоѓалиште од римско време каде се најдени две латински плочи, од кои едната посветена божицата Деја Сирија (Атаргатис)

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година Долно Нерези било попишано со Средно Нерези и заедно имале 12 418 жители.[5]

Народност Вкупно
Македонци 10 288
Албанци 1 353
Турци 93
Роми 19
Власи 58
Срби 378
Бошњаци 14
други 217

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 205. ISBN 954430424X.
  3. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.114-116.
  4. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
  5. „Министерство за Локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2017-12-05.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]