Влае

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Влае II)
Влае
населба
Зграда во Порта Влае
Зграда во Порта Влае
Карта

Влае во рамките на Град Скопје
Град Скопје
Општина Карпош
Население (2002)
 • Вкупно6.809

Влае — урбанизирана населба, составена од две поднаселби означени како Влае I и Влае II. Влае е во состав на Општина Карпош, Скопје. Населбата Влае се наоѓа во западниот дел на Скопје, меѓу населбите Ѓорче Петров (на запад), Злокуќани (на север), Хром (на југ) и Карпош IV (на исток). Наслебата лежи од левата страна на реката Вардар. Низ Влае поминува прометниот булевар „Партизански одреди“, што ја прави населбата минувалиште за речиси сите што патуваат од Скопје кон Тетово.

Население[уреди | уреди извор]

Народносниот состав на населението во Влае е воглавно Македонци со помал број на Срби и други заедници. За разлика од останатите скопски населби, Влае претежно е составено од поединечни куќи за живеење, со исклучок на делот Порта Влае, кој е сочинет од големи згради. Според пописот од 2002 година, населбата Влае има 6.809 жители, од кои:

Население низ историјата[уреди | уреди извор]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 40 32 243 278 492 6.809
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[1]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[2]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[3]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]


Објекти во Влае[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од Влае се состои од куќи и бараки. Единствените згради во Влае се комплексот згради Порта Влае, покрај неколкуте станбени згради што се наоѓаат на границата со Хром и се високи до 5 катови. Порта Влае претставува трговски центар, составен од 5 згради со бела пикувана фасада. Во приземјето и на мезанинот има деловни простории, а останатиот дел се станови. На кејот на реката Вардар, на северната страна од мостот „Обединети нации“ се наоѓаат бројни луксузни куќи и имоти. Јужно од мостот се наоѓаат фудбалски и кошаркарски игралишта и детско игралиште. Во Влае се наоѓа и таканаречениот железнички мост (сега булевар), јужно од „Обединети нации“, што значително го скратува патот од Влае и Хром до Тафталиџе и Капиштец. Во населбата има едно основно училиште, „Димо Хаџи Димов“ коешто се наоѓа јужно од булеварот „Партизански одреди“. Во училиштето учат околу 1700 ученици, без предучилишните од градинката во истото училиште. Поранешното име на училиштето било „Јосип Броз - Тито“. Друг познат објект во Влае е познатата продуцентска куќа К-15. Долго време во изградба беше познатиот пешачки надвознички мост „Влајко“. Поставен е поставен на многу непрометно место, на околу 100 м од главниот пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, што ја прави неговата улога многу незначителна.

Цркви
Изградени бараки во Влае, донација од Словенија
Уредување на паркови во населба Влае во кое учествуваат голем број на шумски работници од цела Југославија (5 јануари 1964)

Историја[уреди | уреди извор]

Земјотресот во Скопје од 1963 година: Почетни работи за изградба на станови во населба Влае, лево и десно од Партизанска, помош од Словенија

Според традиционалните преданија, селото е создадено во подалечното минато со преселба на жители од Горно Нерези на падините на Водно.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано со името Ивлахлар и било христијанско, со 9 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 21 маж христијанин, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 42 жители.[8]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 244 жители.[9]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Влае имало население од 40 жители Македонски христијани.[10] За селото Влае, Јордан Хаџи Константинов - Џинот забележал дека било расположено на брегот на реката Вардар и имало околу 2.000 врби и било „едно село највесело“.[11] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година Влае имало 32 егзархисти.

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 29 жители. Било дел од Општина Бардовци.[12] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци.[13]

Влае е една од поновите населби во Скопје. Изградена е по земјотресот во 1963 година со своевидно проширување на селото Влае, со донации од владата на Словенија. Затоа поголемиот дел од улиците имаат имиња на словенечки писатели, како на пример „Иван Цанкар“, „Франце Прешерн“ итн.

Археолошки наоѓалишта[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  2. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  3. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  4. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  5. Трајковска, Деспина (3 јуни 2007). „Црквата „Свети Стефан" во Влае и по една година неизградена“. Утрински Весник. Посетено на 2012-07-24.
  6. „цркви“. ХАЦМ. Посетено на 2012-07-24.
  7. „црква Влае“. Адвентистичка црква на Македонија. Посетено на 2012-07-24.
  8. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  9. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  10. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, с.208
  11. „Војната донесе пруга, а железничарите населба“, Публика - неделен политички прилог, број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 2-3.
  12. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  13. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 42°00′28″ N; 21°22′32″ E / 42.0077° СГШ; 21.3755° ИГД / 42.0077; 21.3755