Во 2017 година, општината имала вкупно 540 вработени, од кои 31 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[3] Градоначалник на општина Сарај е Блерим Беџети од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Сарај е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: