Семениште
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Семениште е село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 559 жители.
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во западниот дел од Скопската котлина, лево од автпатот Тетово - Скопје.
Историja[уреди | уреди извор]
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[1] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 559 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 557 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 1 |
Други | 0 |
Родови[уреди | уреди извор]
Семениште е албанско село.
Според истражувањата од 1940тите родови во селото се:
- Цан (29 к.) доселени се во 18ти век од областа Љума во Албанија. Ја знаат следната генеологија Осман (жив на 80 год. во 1940тите) Ислам-Сејфула-Хусеин-Цан, предокот кој се доселил.
- Никиштан (21 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија. Од таму се иселиле најпрво во селото Никиштане, по кое и го добиле името. А од таму во Семениште.
- Арно (11 к.) доселени се од Мирдита во северна Албанија. Потекнуваат од фисот Бериша. Имаат роднини иселени од Мирдита во Блаце кај Качаник.[4]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Семениште, на Google Maps.
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |