Рашче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рашче
Рашче 03.jpg

Поглед на селото

Рашче во рамките на Македонија
Рашче
Местоположба на Рашче во Македонија
Рашче на интерактивна карта

Координати 42°1′21″N 21°15′2″E / 42.02250° СГШ; 21.25056° ИГД / 42.02250; 21.25056Координати: 42°1′21″N 21°15′2″E / 42.02250° СГШ; 21.25056° ИГД / 42.02250; 21.25056
Општина Coat of arms of Saraj Municipality.svg Сарај
Население 2.835 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25160, 25660
Надм. вис. 291 м
Рашче на општинската карта
Рашче во Општина Сарај.svg

Атарот на Рашче во рамките на општината
Commons-logo.svg Рашче на Ризницата
Плоштадот на сретселото во Рашче со џамијата.

Рашче (албански: Rashçja) — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 2.697 жители.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на десниот брег на Вардар, во западните предели на Скопската Котлина. Во атарот на селото Рашче се наоѓаат изворите од кои поголемиот дел од населението во градот Скопје се снабдува со питка вода.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Рашче е населено уште од бронзеното време, за што сведочи наоѓалиштето Врело северно од селото, покрај самите извори.

Кон крајот на XIX век Рашче било село како дел од Скопската каза на Отоманското Царство. Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[2] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.697 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 2
Турци 1
Роми 1
Албанци 2 677
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 2
останати 14

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Рашче има 2.835 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 1
Албанци 2.760
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 74

Родови[уреди | уреди извор]

Рашче е албанско село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

  • Полику (17 к.) и Бакиу (22 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од местото Лике во северна Албанија.
  • Хаџију (23 к.) доселени се кога и претходните родови од некое место во областа Мат во Албанија.
  • Коваче (24 к.) доселени се од северна Албанија. Потекнуваат од фисот Бериша.
  • Хоџа (10 к.) доселени се од северна Албанија.
  • Ќуреци (10 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија.
  • Исмани (11 к.), Чилафе (8 к.) и Штрјку (5 к.) доселени се од северна Албанија.
  • Бериша (3 к.) доселени се од фисот Бериша во северна Албанија.
  • Сефа (4 к.), Мазлами (2 к.), Џика (9 к.), Рамети (8 к.), Томанлар (6 к.) и Леза (4 к.) доселени се од северна Албанија.
  • Дураку (5 к.), Штафе (6 к.) и Хети (3 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија.
  • Кроси (5 к.) потекло како и претходните родови. Имаат роднини во селото Арнакија.
  • Бец (1 к.) потекло како и претходните родови.
  • Дамин (1 к.), Идризи (2 к.), Демир (1 к.) и Ајваз (1 к.) они се Роми. Во селото биле ковачи. Никој не си го знае потеклото.[5]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Пештери
  • Дона Дука — пештера на источните падини на планината Жеден, прогласена за природна реткост
Археолошки наоѓалишта
  • Врело — населба од бронзеното време
  • Долот — осамен наод од римското време
  • Кале — утврдена населба-градиште од доцноантичко време
  • Пештерка — населба од римското време
  • Рашче — осамен наод од доцноантичкото време
  • Црква — могили од римското време

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  3. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]