Радуша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Радуша
Radusha-MK (od voz).jpg

Поглед на селото Радуша од железничката пруга

Радуша is located in Македонија
Радуша
Местоположба на Радуша во Македонија
Координати 42°5′6″N 21°12′38″E / 42.08500° СГШ; 21.21056° ИГД / 42.08500; 21.21056Координати: 42°5′6″N 21°12′38″E / 42.08500° СГШ; 21.21056° ИГД / 42.08500; 21.21056
Општина Coat of arms of Saraj Municipality.svg Сарај
Население 1.892 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 347 м. м
Commons-logo.svg Радуша на Ризницата
Разрушената зграда на железничката станица во Радуша

Радуша е село во Општина Сарај, во далечина околу 26 км од градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 1.892 жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Радуша се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија во долината на самиот десен брег на реката Вардар во средината на Дервенската Клисура од сите страни опкружена со стари планини. Селото има една прекрасна убавина особено во пролетниот и летниот период со едно фантастично зеленило низ кое поминува река Вардар. Радуша најблиску го има градот Скопје после Тетово. До селото води асфалтиран пат од Скопје и од Тетово. Село Радуша има некаде 450 куќи, сите градени на најмодерен стил, нема стари куќи. Тука живеат некаде 4000 граѓани, но половина од нив во печалбарство. Пред самиот влез на селото некаде 5 км источно кон градот Скопје се наоѓа изворот познат како Кисела Вода кое лечи разни болести. Радуша исто така е познато и со златната пастрмка која се лови од езерото вклучувајќи го и ресторанот во кој се приготвува рибата свежа на скара директно од езерцето.

Историja[уреди | уреди извор]

Историјата на селото е многу богата и многу стара од самите локалитети во околината на селото можеме да констатираме дека во античкиот период близина имало римска населба со дарданска популација. Во минатото пред доселувањето на денешното албанско население, во Радуша живееле православни Македонци, на што укажува и самото име на селото кое е од македонско потекло, а е прифатено и од доселеното албанско население. Од селото Радуша во XIX век последен македонски христијански род кој се иселил биле Радичевци, кои најпрвин се иселиле во селото Побожје на Скопска Црна Гора, а потоа преминале во Радишани[1]. За време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, особено во месецот август, во селото Радуша се водени едни од најжестоките вооружени борби меѓу македонските безбедносни сили и терористите на ОНА.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.892 жители. Следува табела на националната структура на населението[2]

Националност Вкупно
Македонци 2
Турци 0
Роми 0
Албанци 1 884
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 2
Други 4

Родови:[уреди | уреди извор]

  • Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Прџоке (10 куќи). По потекло се од племето Красниќ од северна Албанија. Тука живеат од првата половина на XIX век.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год. стр.8
  2. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  3. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 год., 12 стр.
  4. "РАФИЗ АЛИТИ на сајтот на Собранието на Република Македонија" (македонски). конс. 2009-10-06. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]