Крушопек

Координати: 41°58′41″N 21°21′15″E / 41.97806° СГШ; 21.35417° ИГД / 41.97806; 21.35417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Крушопек
Крушопек во рамките на Македонија
Крушопек
Местоположба на Крушопек во Македонија
Крушопек на карта

Карта

Координати 41°58′41″N 21°21′15″E / 41.97806° СГШ; 21.35417° ИГД / 41.97806; 21.35417
Општина  Сарај
Население 2.017 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25077
Надм. вис. 803 м
Крушопек на општинската карта

Атарот на Крушопек во рамките на општината
Крушопек на Ризницата

Крушопек — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 1.902 жители.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на северните делови на Водно, над Скопје.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 31 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 98 мажи муслимани, со 8 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 212 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 262 жители.[3]

Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 200 жители Албанци муслимани.[4] Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[5] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[6]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948847—    
1953929+9.7%
1961893−3.9%
1971952+6.6%
19811.277+34.1%
ГодинаНас.±%
19916−99.5%
19941.642+27266.7%
20021.902+15.8%
20212.017+6.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 600 Албанци.[7]

На пописот од 2002 година, селото имало 1.902 жители, од кои 1.899 Албанци и 3 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.017 жители, од кои 4 Македонци, 1.977 Албанци, 1 Бошњак, 2 останати и 33 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 847 929 893 952 1.277 6 1.642 1.902 2.017
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Крушопек e албанско село.

Според истражувањата од 1951 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Шишколар (20 к.) најстар селски род во селото. Основачот на родот се доселил од Горна Река пред околу 250 години; Кривогас (18 к.) доселени се после претходниот род. Доселени се од некое село во Долна Река. Основачот на родот бил македонски муслиман, кој говорел само македонски. Но поради мешањето со доминантно албанското население тие сега го употребуваат албанскиот јазик и се сметаат за Албанци; Фичор (16 к.) доселени се од некое село во Горна Река. И сега имаат роднини во некое горнореканско село; Незиралар (20 к.) доселени се од некое село во Горна Река; Торбешалар (22 к.) најмлади доселеници. Нивното потекло е од некое село во Долна Река. Од истото село како и родот Кривогас. Основачот на родот зборувал само македонски. Го знаат следното родословие: Мемет (жив на 70 г. во 1951 година) Ибраим-Нуредин-Јусуф-Рустем, основачот на родот кој се доселил. После родот Торбешалар никој не се доселувал во селото, и отогаш селото растело само по природен прираст.[14]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Имало иселеници во Турција.[14]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  3. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  5. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  6. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]