Арнакија
Арнакија | |
![]() Поглед на Арнакија во 2008 г. | |
Координати 41°59′09″N 21°17′12″E / 41.98583° СГШ; 21.28667° ИГДКоординати: 41°59′09″N 21°17′12″E / 41.98583° СГШ; 21.28667° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 1.077 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25004 |
Надм. вис. | 486 м |
![]() |
Арнакија — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Арнакија се во Општина Сарај, во близина на Скопје. Селото лежи во западните предели на Скопската Котлина, во близина на автопатот Скопје - Тетово. Арнакија се наоѓа на десниот брег на Суводолица.
Селото традиционално се дели на маалата Горна и Долна Арнакија (или Горно и Долно Маало). Во 2014 г. Горна Арнакија е прогласена за самостојно село.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Според податоците на Леонард Шулце Јена од 1927 година, во селото живеело албанско население.[3]
Исто така, Афанасиј Селишчев во 1929 година наведува дека во селото живеело албанско население.[4]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.077 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]
Националност | Вкупно |
Македонци | 4 |
Албанци | 1.063 |
Турци | 1 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 9 |
останати | 4 |
На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[6]
Година | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 358 | 348 | 385 | 517 | 699 | 935 | 1.077 |
Родови[уреди | уреди извор]
Арнакија е албанско село.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
- Доселеници: Кросе (9 к.) и Мирте (12 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија. Родот Кросе е во селото од почетокот на XIX век, и се најстар род во селото; Рамалар (6 к.) и Мусе (8 к.) доселени се однекаде од северна Албанија; Гоге (13 к.) и Пуре (5 к.) не знаат ништо за своето потекло. За родот Пуре некои тврдат дека потекнуваат од предок Ром.[7]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р. Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1949). Скопски Дервен. САНУ.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Арнакија на Карти на Гугл
|