Раовиќ
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Раовиќ — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Општина Сарај.
Историја[уреди | уреди извор]
Кон крајот на XIX век Раовиќ било село како дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раовиќ живееле 110 жители, сите Албанци.[1]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото имало 43 куќи со 273 Албанци.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 213 жители, сите Албанци.[3]
Родови:[уреди | уреди извор]
- Родот Ерем (25 куќи) потекнува од племето Тсач во северна Албанија. Во Раовиќ дошле двајцата браќа Мурат и Демир во првата половина на XIX век. Од споменатите браќа потекнуваат денешните семејства.[4]
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
Доселеници:
- Ченон или Чајан (15 к.) потекнуваат од фисот Бериша. Овде се доселени од Љума во северна Албанија, нивни роднини се Ибишалар, Миналар и Исафалар кои живеат во Чајлане.
- Ереме (25 к.) потекнуваат од фисот Тсача во северна Албанија.
- Елез (18 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија. Овде живеат од крајот на XVIII век, каде дошле браќата Елез и Рамадан.[5]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 12 стр.
- ↑ Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Раовиќ, на Карти на Гугл
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|