Љубин
Љубин — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Љубин се наоѓа во западните предели на Скопската Котлина, на околу 1 км западно од Сарај.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.044 жители. Следува табела на националната структура на населението:[2]
Националност | Вкупно |
Македонци | 4 |
Албанци | 1.099 |
Турци | 3 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 914 |
останати | 24 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 153 |
1953 | — | 56 | 87 | — | — | — | ... | — | 143 |
1961 | — | 4 | 240 | ... | ... | — | ... | 2 | 247 |
1971 | — | 57 | 115 | — | ... | — | ... | 202 | 374 |
1981 | 2 | 440 | 1 | — | — | — | ... | 786 | 1.230 |
1994 | 2 | 706 | 10 | — | — | — | ... | 899 | 1.617 |
2002 | 4 | 1.099 | 3 | — | — | — | 914 | 24 | 2.044 |
Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоела можност за декларирање на бошњачки народ.
Родови[уреди | уреди извор]
Љубин е муслиманско село.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се
Албански
- Доселеници: Шкека (17 к.) потекнуваат од двајца браќа. Тие се иселиле од местото Дарда во областа Матија, средна Албанија. Од таму се населиле најпрво во Матка, од таму брзо се рашириле во Глумово, Љубин и ’Ржаничино
Роми
- Доселеници: Џемајловци (1 к.) во Љубин се доселени од Сарај и Шишево. Подалечното потекло не го знаат.[4]
Денес во селото живеат и Бошњаци кои почнале да се доселуваат некое време по истражувањата вршени во селото.
Личности[уреди | уреди извор]
- Ризван Сулејмани (р. 1957) - македонски политичар.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Љубин, на Карти на Гугл
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|