Копаница
Копаница | |
![]() Поглед кон Копаница | |
Координати 42°4′40″N 21°14′17″E / 42.07778° N; 21.23806° EКоординати: 42°4′40″N 21°14′17″E / 42.07778° N; 21.23806° E | |
Општина | ![]() |
Население | 1.714 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25075 |
Надм. вис. | 534 м. м |
![]() |
Копаница — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Спред пописот од 2002 година, селото имало население од 1.714 жители.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во западните делови на Скопската Котлина, на излезот од Дервенската Клисура. Селото се наоѓа во подножјето на Жеден.
Историја[уреди | уреди извор]
Местото е населено барем од римско време, за што сведочат наодите во наоѓалиштето Дренки во селото.
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[1] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.714 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 1 710 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 3 |
Родови[уреди | уреди извор]
Копаница е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Ќуште (33 к.) староседелци. Исламот го примиле во почетокот од XIX век, кога и се албанизирале. Најстарите муслимански предци им биле. Зекир, Али и Браим. Имаат православни роднини кои од Копаница се иселиле во селото Кучково (Ќунтовци).
- Маноџе (36 к.) доселени се во XVIII век од некое место во северна Албанија.
- Маршеје (34 к.) доселени се од северна Албанија. Имаат роднини во селото Мерово.
- Реџе (10 к.) доселени се од северна Албанија на почетокот од XIX век.
- Љаја (16 к.) потекло и време на доселување како и претходниот род.[4]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од старото православно население кое живеело во селото, а се иселило се знае само за родот Ќунтовци или Бировци. Они се иселиле во селото Кучково. Во Копаница биле двајца браќа, едниот го прифатил исламот, а другиот се иселил во селото Кучково. Од Кучково се иселиле во населбата Ѓорче Петров, Скопје, Куманово и Кралево.[4]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Општина Сарај
- Дренки — археолошко наоѓалиште од римско време во селото
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ 4,0 4,1 Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Копаница, на Карти на Google
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|