Горно Свиларе
Горно Свиларе | |
![]() Поглед кон Горно Свиларе од падината на Жеден | |
Координати 42°2′39″N 21°16′45″E / 42.04417° СГШ; 21.27917° ИГДКоординати: 42°2′39″N 21°16′45″E / 42.04417° СГШ; 21.27917° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 712 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25056 |
Надм. вис. | 439 м. м |
![]() |
Горно Свиларе — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 712 жители.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Горно Свиларе се наоѓа во западниот дел на Скопската Котлина, северно од Вардар.
Историја[уреди | уреди извор]
Кон крајот на XIX век Горно Свиларе било село како дел од Скопската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 86 жители Албанци муслимани и 60 Македонци христијани.[2] Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[3] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[4]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 712 жители, од кои 711 Албанци и 1 останат. Следува табела на националната структура на населението[5]
Народ | Вкупно |
Македонци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 711 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 1 |
Родови[уреди | уреди извор]
Горно Свиларе е албанско село, а порано имало и Македонци.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Албански
- Доселеници: Матњан (7 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија. Они се првите албански доселеници. Го знаат следното родословие: Фета (жив на 70 г. во 1948 година) Имер-Јакуп-Асан-Мемет, кој се доселил; Дибран (9 к.) доселени се кога и претходниот род. Доселени се од Дебарско. А таму се доселени од Албанија; Љумљан (10 к.) потекнуваат од фисот Шаља во северна Албанија. Името го добиле по областа Љума од каде потекнува фисот; Дац (7 к.) потекнуваат од фисот Тсач во северна Албанија.
Македонски
- Доселеници: Ѓорески (2 к.) и Чинговци (2 к.) доселени се од селото Кучково. Во родот Ѓорески го знаат следното родословие: Крсто (жив на 48 г. во 1948 година) Кузман-Ѓоре, кој се доселил; Васовски (1 к.) потекнуваат од предокот Стојан кој дошол како посинет во родот Чинговци. По потекло овој род е од Тетовско.[6]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Кале — кале од римското и доцноантичкото време
Личности[уреди | уреди извор]
- Сулејман Реџепи — поранешен водач на Исламската верска заедница на Македонија
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ . Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Горно Свиларе, на Карти на Гугл
|