Кучково
Кучково | |
![]() Панорамски поглед на селото Кучково | |
Координати 42°3′24″N 21°18′18″E / 42.05667° СГШ; 21.30500° ИГДКоординати: 42°3′24″N 21°18′18″E / 42.05667° СГШ; 21.30500° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Скопско Поле |
Население | 148[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 1060 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25079 |
Надм. вис. | 560 м |
![]() |
Кучково — село во Општина Ѓорче Петров, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во северниот дел од Скопската Котлина, на потегот помеѓу реките Вардар и Лепенец, а во приградската зона на Општина Ѓорче Петров.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 560 метри.[3] Селото се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Скопје.
Атарот е среден по големина и зафаќа површина од 23,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.276 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 686 хектари, а на шумите 336 хектари.[3]
Историја[уреди | уреди извор]
Според монографијата на Марко Китевски, селото Кучково првпат се споменува во Грамота на царот Михаил IX Палеолог за манастирот „Св. Никита“ од 1399 година, во која пишува дека кралот Урош му ги потврдил на манастирот имотите, меѓу кои и селото Долно Кучково. За селото пишувал и Јордан Хаџи Константинов - Џинот во еден допис објавен во „Цариградски весник“ во 1855 година, наведувајќи дека по доаѓањето на Османлиите северниот дел на Скопје останал „без Славјани и не е имало кој да ора и да сее земљата. Но некој разумниј Синан паша, кој добро сја е носил с христијаните, мука му е било Скопје да е без Славјани, от кои всичка земља сја е работила. Сам Синан паша, скопски, отишел в Црна Гора приморска, в село Куч, с голема молба и с обештанија мирни и царски фермани, штом да си бидат слободни и земља колку што искале бадијала им дал да дојдат в Скопје да живеат. И тако Кучевљани си дошли в Скопје и нарекле ја таја гора Црна Гора Скопска...“[4]
Во XIX век, Кучково било село во Скопската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има мешовита полјоделско-сточарска функција.[3]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кучково имало 467 жители, од кои 460 Македонци христијани и 7 Роми.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кучково имало 720 жители.[6]
Кучково било големо село, но со значителна емиграција на населението преминало во мало село. Така, селото во 1961 година имало 1.220 жители, од кои 1.211 биле Македонци, шест Срби и двајца жители Албанци, а во 1994 година 249 жители, од кои 235 Македонци, 10 Роми и четири жители Срби.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Кучково имало 138 жители, од кои 122 Македонци, 15 Роми и 1 Србин.[1]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Кучково има 148 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 107 |
Албанци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 1 |
Срби | 5 |
Бошњаци | 0 |
Други | 35 |
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 467 | 720 | 1.336 | 1.394 | 1.220 | 927 | 608 | 302 | 249 | 138 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови[уреди | уреди извор]
Кучково e македонско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во Кучково се:
- Староседелци: Јањовци (4 к.); Богдановци (9 к.), Имаат иселеници во Волково; Вељановци (5 к.). Имаат иселеници во Велика Кикинда (едно семејство); Бучковци (15 к.). Имаат иселеници во Скопје (едно семејство), Белград (едно семејство) и во Америка (едно семејство); Јаребичевци (6 к.). Имаат иселеници во Матка, Населбата Ѓорче Петров (едно семејство) и во Банат (едно семејство);Танасковци (4 к.); Марковци ( 4 к.);Переловци (11 к.).Имаат иселеници во населбата Ѓорче Петров (пет семејства); Џиковци или Крајнини (6 к.). Имаат иселеници во Банат (едно семејство); Буниовци (3 к.) имаат иселеници во Америка (две семејства).
- Доселеници: Мазниковци (7 к.) доселени се од некое село во Тиквеш, они спаѓаат во многу стари доселеници. Имаат иселеници во Банат (едно семејство); Цеулевци (10 к.) доселени се од селото Паливоденица кај Качаник; Ѓорчевци (22 к.) доселени се од областа Сириниќ кај Призрен; Сурковци (19 к.) доселени се од соседното денес албанско село Грачани; Костурци или Видевци (6 к.) доселени се од околината на Костур (Егејска Македонија) пред околу 170 години; Мутавџини (5 к.) доселени се во средината на XIX век од соседното село Долно Свиларе. Имаат иселеници во населбата Ѓорче Петров (едно семејство); Добровци (7 к.), Мишковци (4 к.), Руменини (4 к.), Китановци (2 к.) и Спасевци (5 к.) потекнуваат од четири (4) браќа кои се доселиле од денес албанското село Горанце кај Качаник, во првиот род се знае следното родословие: Филип (жив на 32 г. во 1948 година) Петко-Јане-Димо-Добро, еден од браќата кои се доселиле. Имаат иселеници во Куманово (едно семејство), Солун (едно семејство), Персија (едно семејство), Скопје (три семејства, во Ѓорче Петров и др.) и во Белград (едно семејство); Чинговци (2 к.) доселени се од соседното село Горно Свиларе, таму имале истоимени роднини; Шкаутовци (1 к.) доселени се од селото Брњарци; Најдановци (8 к.) доселени се од Скопје, маалото топана. Имаат иселеници во Скопје (две семејства, во Ѓорче Петров).[11]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Поранешно основно училиште
- Месна заедница
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Ѓорче Петров, една од десетте градски општини на Град Скопје, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Идадија. Селото припаѓало на некогашната општина Ѓорче Петров во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Волково, во која покрај селото Кучково, се наоѓале и селата Волково, Грачани, Никиштани и Орман. Општината Волково постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 2586 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Грачани и Кучково, кое е сместено во културниот дом во селото Кучково.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 183 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[14]
- Црква „Св. Трифун“ — мала манастирска црква
- Црква „Св. Петка“ — мала црква над селото
- Црква „Вознесение Христово“ — мала манастирска црква
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна манастирска црква на Кучковскиот манастир
- Црква „Св. Недела“ — мала црква над селото
- Црква „Св. Илија“ — мала црква над селото
- Црква „Св. Атанасиј“ — мала црква над селото
- Црква „Св. Јован Крстител“ — мала црква над селото;
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — се наоѓа југозападно од селото;
- Црква „Воздвижение на Чесниот Крст“ — се наоѓа југозападно од селото;
- Манастири
- Кучковски манастир — манастир посветен на „Св. Ѓорѓи“ сместен над селото
Археолошки наоѓалишта[уреди | уреди извор]
- Голема Кула — доцноантички стражарски кастел. Се наоѓа на 1 км. северно од с. Горно Свиларе и ја контролирал алтернативната патна линија од Качаник до Свиларе на Вардар.
- Природни реткости
- Девојачки Камењ — карпа во близина на селото;
- Миочи — извор на лековита вода;
- Коњска нога — месност со дупка поврзана со Марко Крале и Шарец;
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Покрај иселениците наведени при описот на родовите, се знае и за други иселеници во Волково (Видевци, Ќисовци, Богдановци и Трајковци), Горно Соње (Павлевци) и во Горно Свиларе (Ѓоревци и Чинговци).[11] Иселеници има и во Полог.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
- Ден на крстот — голем општонароден собир на Крстот над селото кон крајот на април или почетокот на мај
- Свети Трифун (14 февруари) — прослава во истоимената црква
Личности[уреди | уреди извор]
Личности родени во Кучково:
- Величко Смилчевски (1922-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ѓорѓи Крстевски (1919-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Миломир Крстевски (1919-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Митре Димовски (1901-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Георги Кочев (1847-1868) — четник во четата на Хаџи Димитар и Стефан Караџа[15]
- Сокол Митровски — некогашен градоначалник на Општина Ѓорче Петров
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 мај 2016.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 171. Посетено на 4 февруари 2018.
- ↑ „Војната донесе пруга, а железничарите населба“, Публика - неделен политички прилог, број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 2-3.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 206.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 4 февруари 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 4 февруари 2018.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Маркова, Зина. „Четата от 1868 година“, Издателство на БАН, София, 1990, стр. 162.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|