Митре Димовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Митре Крстов Димовски ( 1901 во Кучково, Скопско1944 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште се занимавал со земјоделство. Поради пројавената активност против окупаторот, во 1942 година бил интерниран во концентрационен логор во Бугарија, во Сливен. Пред капитулацијата на Бугарија се вратил во Македонија и во почетокот на септември стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите борби на Бригадата против балистите и германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. Храбро загинал во борбите против непријателските сили, во октомври 1944 година, кај селото Чучер. Подоцна неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во неговото родно село Кучково.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 187–188. На |first= му недостасува |last= (help)