Побожје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Побожје
Pobozhie-view.jpg

Селото Побожје, во подножјето на Скопска Црна Гора

Побожје is located in Македонија
Побожје
Местоположба на Побожје во Македонија
Координати 42°6′52″N 21°25′36″E / 42.11444° СГШ; 21.42667° ИГД / 42.11444; 21.42667Координати: 42°6′52″N 21°25′36″E / 42.11444° СГШ; 21.42667° ИГД / 42.11444; 21.42667
Општина Coat of arms of Čučer Sandevo Municipality.svg Чучер-Сандево
Население 591 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 588 м
Побожје на општинската карта
Побожје во Општина Чучер-Сандево.svg

Атарот на Побожје во рамките на општината
Commons-logo.svg Побожје на Ризницата


Побожје (познато и како Побужје) — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Побожје се наоѓа во составот на Општина Чучер-Сандево, на југозападните падини во подножјето на Скопска Црна Гора на надморска височина од 588 метри. Побожје се наоѓа на 20 километри оддалеченост северно од градот Скопје, а селото се наоѓа и на патот кој води од селата Чучер и Кучевиште кон Бродец, Танушевци и границата со Косово.

Историja[уреди | уреди извор]

Фреска на Св. Кирил и Методиј од црквата „Св. Богородица“ во Побожје

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает, под името Пабужда и имало 59 христијански семејства и 3 вдовици христијани.[1]

Во НОБ од Побожје желе учество следните жители: Александар Бојчевски, Душан Бојчевски, Трајче Бојчевски, Александар Бојчевски, Зоре Бојчевски, Ѓоргија Велковски, Томислав Ѓаковски, Младен Ѓаковски, Светозар Ѓаковски, Александар Ѓаковиќ, Миле Ѓаковски, Здравко Јанковски, Петко Јанковски, Љубомир Јанковски, Трајко Јанковски, Билбил Јанковски, Панко Кметовски, Спасо Кметовски, Петко Кметовски, Стојан Кметовиќ, Перо Кметовиќ, Велко Кметовиќ, Крсто Кметовиќ, Славко Мисердовиќ, Љубомир Мисердовиќ, Борче Мисердовиќ, Младен Пупуновски, Младен Пешовски, Благоја Пешовски, Цветко Пешиќ, Цветко Стајковиќ, Стојан Стојковиќ, Душан Стајковски, Стојанка Стајковска, Ѓоргија Стевковиќ, Коста Ќоќоровски, Милан Трајановиќ, Мирко Трајановски, Борис Трајановиќ, Саво Трајановиќ, Слободан Трајановски, Ѓоргија Трајановски, Цветко Чанговски, Крсто Шкакаровски, Стеван Шкакаровски, Мирко Шкакаровски, Душан Нешиќ, Благоја Говедаровски, Александар Говедаровски, Љубомир Бојчевски и Никола Шуќуровиќ.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Побожје живееле 520 жители, сите Македонци.[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Побожје имало 503 Македонци, од кои 440 патријаршисти и 63 егзархисти.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 591 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]

Националност Вкупно
Македонци 423
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 166
Бошњаци 0
Други 2

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 691
1953 442 1 5 300 ... 7 755
1961 687 ... ... 91 ... 4 782
1971 453 ... 110 ... 14 577
1981 474 47 ... 47 568
1991 398 76 ... 115 589
1994 443 100 ... 17 560
2002 423 166 2 591

Родови[уреди | уреди извор]

Побожје е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Родови во селото Побожје се

Староседелци: Дандаровци (13 куќи) и Шкакаровци (10 куќи) потекнуваат од ист предок, нивна гранка биле сега сосема иселениот род Радиќевци кои се иселени во Радишани; Кметовци (16 куќи) порано се викале Башчиќевци, ова бил најугледниот род во селото. Околу средината на XIX век во овој род постоела куќна задруга од 100 членови. Главарот на задругата бил Марко Башчиќевски, кој бил најбогат овчар на Скопска Црна гора, и имал околу 1.000 овци и кози, 100 свињи, доста говеда и коњи. Но поради тоа тие трпеле зулуми од Албанците и потоа осиромашиле. Во овој род се знае следната генеологија Мирко (жив на 65 год. во 1969 година) Блажо-Никола-Марко. Пред крајот на турското владеење Кметовци дале неколку познати селани. Куќите на староседелците претежно се во Средно Маало.

Доселеници: Трајановци (15 куќи), Чанковци (15 куќи), и Јанковци (14 куќи) потеклото им е од некое село во Тиквеш. Потекнуваат од ист предок. Тоа се првите доселеници во Побожје, кога се доселиле пред околу 250 години овде затекнале малку староседелски родови. Причината за доселувањето не е позната. Во родот Јанковци се знае следната генеологија Димо (жив на 80 год. во 1969 година) Доде-Ивче-Стојан-Јанко-Цветко кој се доселил од Тиквеш. Цветко имал 4 синови, Трајан, Јанко, Станко и Младен. Од Трајан потекнуваат Трајановци, од Станко потекнуваат Чанковци, додека од Јанко потекнуваат Јанковци, од Младен не се сочувале потомци; Качанички (4 куќи) доселени се од сега албанското село Ѓурѓевдол кај Качаник. Во старината во една куќна задруга живееле 50 членови, но нив Албанци сакале да им ја земат сестрата, и они ги убиле Албанците и пребегнале, биле 4 браќата, едниот се населил во Чучер, вториот се населил во Побожје ( Златан), третиот во Љубанци ( од него таму потекнуваат Чанкуловци), и четвртиот во Булачани; Ѓаковци (11 куќи) доселени се од сега албанското село Танушевци, на Скопска Црна гора. Гранка на родот Ѓаковци се Комненовци во Кучевиште. Во родот се знае следната генеологија Александар (жив на 44 год. во 1969 година) Столе-Стевче-Петар кој се доселил. Од овој род има иселеници во Белинбегово и Бугарија; Бојчовци (33 куќи) старо име им е Пупуќевци или Поповци. Потекнуваат од предок доселен од околината на Призрен. Од овој род потекнувале селските свештеници, едни нивни деленици се викаат Јошевци; Пупуновци (5 куќи), Чивлачковци (2 куќи), и Дориовци (1 куќа) потекнуваат од ист предок, доселени се од сега албанското село Брест.[7]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Цркви[8]

Економија[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.465
  2. Стојановски, Бојко (1999). Скопско Црногорие од Бразда до Брњарци. Скопје. 
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 206.
  4. Brancoff, D.M. La Macedoine et sa Population Chretienne, Paris, 1905, pp. 116-117.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. Трифуноски, Јован (1971). Скопска Црна Гора. Скопје: МАНУ. стр. 86-87. 
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]