Кучевиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кучевиште
Kuchevishte-MKD.jpg

Поглед на село Кучевиште со црквата Св. Спас

Кучевиште is located in Македонија
Кучевиште
Местоположба на Кучевиште во Македонија
Координати 42°6′34″N 21°25′4″E / 42.10944° СГШ; 21.41778° ИГД / 42.10944; 21.41778Координати: 42°6′34″N 21°25′4″E / 42.10944° СГШ; 21.41778° ИГД / 42.10944; 21.41778
Општина Coat of arms of Čučer Sandevo Municipality.svg Чучер-Сандево
Население 3 167 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1011
Надм. вис. 535 м
Кучевиште на општинската карта
Кучевиште во Општина Чучер-Сандево.svg

Атарот на Кучевиште во рамките на општината
Commons-logo.svg Кучевиште на Ризницата


Кучевиште — село во југозападните предели на Скопска Црна Гора, а воедно и во општината Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Жители од Кучевиште во 1900 година

Селото е ридско и куќите се издигаат на надморска височина од 530 до 620 метри. Од градот Скопје селото е оддалечено 15 километри. Во Кучевиште има основно училиште до IX одделение и разни услужни и други објекти.

Историja[уреди | уреди извор]

Опширен и детален опис за Кучевиште и неговите жители, нивниот дух, стопански занимања и живот во 19 век, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 дава македонскиот револуционер Ѓорче Петров, кој запишал дека во тоа време Кучевиште имало 250 куќи со 1500 жители[1], со што било и најголемото село во Скопско. Улиците му се доста уредени и поплочени со калдрма, сите куќи му се заградени со авлии (дворови)[1]. Според внатрешниот изглед тоа е најубавото село во Скопска Црна Гора[1]. Има и мала чаршија од 5-6 дуќани. Планината му е најголема во Скопска Црна Гора, а има и најбогати пасишта. Полето му е плодородно, но и покрај сето тоа населението му било сиромашно поради многуте глоби кои ги плаќаат за своите бесконечни тужби со околните села[1]. Жителите во тоа време се занимавале со земјоделство, сточарство, дрводелство (правеле многу вили, лопати, ковчези, а во градот носат греди и огревно дрво) и лозарство[1]. На ¾ час над селото се наоѓа богатиот обител Св. Архангел, расположен на убаво место среде корија со многу здрава и пријатна клима и убава вода поради што тој се посетува од скопјани, а според едно предание, тој бил изграден од цар Милутин[1].

Според бугарските ивори, во селото се доселиле српски доселеници во периодот 1689-1739 година[2].

На 6 октомври 1944 во Кучевиште била формирана Шеснаесеттата македонска ударна бригада.

Население[уреди | уреди извор]

Слика од деца од Кучевиште на испраќањето на загрепскатa минералошка експедиција во 1934/1935

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Кучевиште живееле 1.200 жители, сите Македонци.[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кучевиште имало 1.440 Македонци, патријаршисти.[4]

Во почетокот на XX век во Кучевиште живееле 1.200 жители, сите Христијани. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.167 жители. Следува табела на националната структура на населението:[5]

Националност Вкупно
Македонци 1 460
Турци 0
Роми 4
Албанци 0
Власи 15
Срби 1 654
Бошњаци 0
Други 34

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.789
1953 352 1.518 ... 10 1.887
1961 1.163 ... ... 698 ... 13 1.874
1971 599 ... ... 1.281 ... 62 1.942
1981 917 ... 912 ... 75 1.904
1991 323 1.161 ... 226 1.710
1994 367 4 4 1.462 ... 32 1.869
2002 1.460 4 15 1.654 1 33 3.167

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Кучевиште е во целост населено со родови на Македонци од православна христијанска веросиповед чие потекло е староседелско, како и доселеничко од други делови на Македонија или соседни села на Скопска Црна Гора и во долината на Биначка Морава (некои се денес во рамки Косово), а поради силното српско влијание и пропаганда дел од луѓето и денес имаат српско самосознание. Како најстари родови во Кучевиште се сметаат: Бојкикевци (слават Свети Никола) од кои една родовска гранка се нарекува Поповци од која пак потекнувале селските свештеници меѓу кои и познатиот митрополит Натанаил Кучевишки и Црничани (слават Св.Архангел)[7]. Доселенички родови од север и севрозапад се: Белинци (слават Митровден) дошле од раселеното селиште Гиновци во долината на Белинска Река на Скопска Црна Гора каде и денес една месност се нарекува Белинско Гумно; Комненови (слават Св. Ѓорѓи) доселени од сега албанското село Мијак во долината на Биначка Морава, Рајчини и Шегманови (слават Свети Никола) потекнуваат од соседното сега албанско село Брест на Скопска Црна Гора; Рајовци (слават Св. Ѓорѓија) се доселиле од денешното албанско село Шашаре во долината на Биначка Морава; Неделчини (слават Св. Ѓорѓија) се доселиле од селото Пожарање во долината на Биначка Морава; Ниникеви (слават Митровден) се доселиле од селото Никовци во долината на Биначка Морава; Славкови (слават Св. Ѓорѓија) дошле од селото Славковци(?) во долината на Биначка Морава[7]. Доселенички родови дојдени од југ се: Каровчеви (слават Света Петка) се сметаат за многу стар род кој во Кучевиште се доселил од сега раселеното село Бошњани кое се наоѓало во Скопското Поле; Чакалови и Колеви (слават Св. Петка) и тие се доселени од споменатото Бошњани; Пигулови (слават Свети Никола) се доселиле од некое село во Скопска Блатија; Џајкови (слават Св. Ѓорѓија) потекнуваат од домазет дојден од Љубанци, Усовци (слават Св. Ѓорѓија) се доселиле од скопското село Усје[7]. Родови со непозната старина на доселување се: Нешкови (слават Св. Архангел) се најголемиот селски род, а една нивна родовска гранка се нарекува Жабовци; Гурмешови и Шијакови (слават Митровден) поедини родовски гранки на првиот род се нарекуваат Агови и Шутаковци; Пиркови, Путеви, Емширови и Салчови слават Св. Петка; Маркови, Мазневци и Вељови слават Св. Никола; Видини наречени според некоја баба Вида, Киранџијци и Чекови од кои потекнува познатиот кошаркар Ѓорѓи Чековски слават Св. Ѓорѓија; Дуранци слават Св. Богородица Пречиста; Тенови слават Митровден[7].

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Манастиртот „Св. Архангели Михаил и Гаврил“
Манастиртот „Св. Архангели Михаил и Гаврил“
Црквата „Св. Спас“
Црквата „Св. Спас“
Цркви[8]

Личности[уреди | уреди извор]

Кучевиште како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Монахот од Кучевиште што создава ружи“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 358. ISBN 978-608-245-113-8. 
  2. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 296.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.206.
  4. Brancoff, D.M. La Macedoine et sa Population Chretienne, Paris, 1905, рp. 114-115.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Трифуноски, Јован (1971) (на српски). Скопска Црна Гора - природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда. Скопје: Универзитет Кирил и Методиј. стр. 82–83. 
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  9. Осветување и поставување на камен - темелник за нов храм во с. Кучевиште
  10. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 44-45

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]