Горњане
Горњане | |
![]() Поглед на постариот дел на село Горњане од манастирот Св. Никита | |
Координати 42°6′37″N 21°22′45″E / 42.11028° СГШ; 21.37917° ИГДКоординати: 42°6′37″N 21°22′45″E / 42.11028° СГШ; 21.37917° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 80 жит. (поп. 2002) |
Надм. вис. | 503 м |
![]() |
Горњане или Горњани — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје.
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Црногорија, во југозападните предели на Скопска Црна Гора, северно од Скопје.
Историja[уреди | уреди извор]
Според бугарските ивори, во селото се доселиле српски доселеници во периодот 1689-1739 година[1].
Во НОБ од селото учествувале следните жители: Слободан Алексиќ, Илија Љотевски, Благоја Љотевски, Живоин Љотевски, Милан Мрчковски, Боривое Мрчковски, Трајан Пислевски, Илија Пислевски, Стојан Маринковски, Стоилко Маринковски, Милан Љотевски, Боре Љотевски, Санде Пислевски, Благоја Маринковски, Никудин Вујовски, Ѓорги Алексиќ, Анѓеле Љотевски, Обрад Љотевски, Мирче Мрчковски, Славко Мирчевски, Живко Пешевски, Перса Пислевска, Стојан Пешевски, Драган Маринковски, Богдан Маринковски, Богдан Љотевски, Никола Љотевски, Бранко Пислевски, Драган Брњарчевски, Веселин Пислевски и Бошко Љотевски.[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Горњане живееле 180 жители, сите Македонци.[3]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горњане имало 160 србомани патријаршисти.[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 80 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]
Националност | Вкупно |
Македонци | 51 |
Албанци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 29 |
Бошњаци | 0 |
Други | 0 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 369 |
1953 | 34 | — | — | — | — | 350 | ... | — | 384 |
1961 | 174 | — | — | ... | ... | 139 | ... | — | 313 |
1971 | 79 | — | — | — | ... | 108 | ... | — | 184 |
1981 | 93 | — | — | — | — | 14 | ... | — | 107 |
1991 | 61 | — | — | — | — | 27 | — | 2 | 91 |
1994 | 41 | — | — | — | — | 48 | — | 4 | 93 |
2002 | 51 | — | — | — | — | 29 | — | — | 80 |
Родови[уреди | уреди извор]
Горњане е чисто македонско православно село. Малку се родови кои се сметаат за староседелци, тоа се само родовите Пешовци и Пусиќевци, другите родови се доселени.[7]
Родови во Горњани се:
- Пешовци (4 к.) и Пусиќевци (3 к.), староседелци, потекнуваат од ист предок;
- Маринковци (12 к.), Писевци (7 к.) и Алексовци (1 к.), потекнуваат од ист предок, доселени се од селото Ѓургевдол во Качаничката Клисура, денес на Косово, кон крајот на ХVIII век, во народната традиција се наведува дека нивните претци еднаш за Велигден отишле на собир во селото Бразда, собирот се одржувал на местото Рудина, за време на враќањето во Ѓургевдол нив во близина на селото Ѓенерал Јанковиќ ги нападнале Албанци, со намера да им ја земат сестрата, тие тогаш со намера да ја заштитат сестрата убиле еден Албанец и после тоа решиле да се преселат во Горњане. Во Горњане дошле тројца браќа Маринко, Писо и Алексо. Маринко подоцна земал жена од родот Пешовци. Од родот Маринковци една гранка го носи името Брњарчевци. Во Маринковци се знае следната генеологија Спасо (жив на 69 год. во 1969 година) Младен-Перо-Трајко-Анѓелко-Маринко основачот на родот;
- Љотовци (10 к.) и Мрчковци (5 к.) потекнуваат од двајца браќа Љоте и Мрчко кои се доселиле од денес албанското село Бојане крајот на ХVIII век, ја знаат следната генеологија Милан (жив на 52 год. во 1969 година) Анѓел-Нешо-?-?-Мрчко кој дошол од Бојане, дошол во селото за да живее со „православен народ“;
- Вујовци (1 к.), потекнуваат од предок кој дошол како домазет од селото Кучевиште, подалечното потекло им е непознато.
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Цркви и манастири[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Највеќе домаќинства во селото имало 54. После Првата светска војна, а посебно Втората светска војна имало голем број на иселени домаќинства.
До 1970 година, иселеници има на следните места. Скопје (10 семејства), Ѓорче Петров (10 семејства), Шуто Оризари (10 семејства), Волково (8 семејства, се викаат Брњарчевци), Бутел (5 семејства), Инџиково (3 семејства), Сингелик (2 семејства), Орман (2 семејства) и во Бардовци (1 семејство).
Околу 20 семејства се иселиле во Глогоњ во Војводина. Од родовите Љотови (11 семејства), Мрчковци (2 семејства), Писевиќи (2 семејства), Маринковиќи (2 семејства), Гурмешовиќи (2 семејства) и Црничани (1 семејство).[7]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 296.
- ↑ Стојановски, Бојко (1999). Скопско Црногорие од Бразда до Брњарци. Скопје.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 206.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macedoine et sa Population Chretienne, Paris, 1905, рp. 114-115.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1971). Скопска Црна Гора - природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда. Скопје: Универзитет Кирил и Методиј. стр. 59-60-61-62.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Горњане на Google Maps.
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|